Македонската Гранд ѕвезда реши да го донесе телото до совршенство – популарниот водител го советуваше да го намали стомакот!

Талентираниот млад пејач Огнен Здравковски, кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, успешно ја гради својата кариера по завршувањето на музичкото шоу.

Македонскиот пејач тогаш се пласираше во финалето и заврши на шестото место, а беше во тимот на Марија Шерифовиќ.
Огнен неодамна беше гостин во „Никогаш не е доцна“ каде заедно со ветеранот Борис Крагуљац заедно ја изведоа песната „Ја у љубов вјере немам“ и ја воодушевија публиката, како и водителот Жика Јакшиќ.
„Слушај Огнен, ти многу добро пееш, тоа сите го знаат, убаво момче си и тоа го знаат сите. Тоа е феноменално, но мораш да водиш сметка за тој стомак“, искрено коментираше водителот, а пејачот се согласи со него.

Тој сериозно го сфати неговиот совет што може да се види и од неговиот профил на социјалните мрежи.

Имено, Огнен по гостувањето во емисијата реши да ги „засука ракавите“ и сериозно да му се посвети на вежбањето.

Тоа може да се забележи и на неговиот Инстаграм каде објави снимка од теретана, па доколку продолжи да биде вака упорен со вежбањето младиот пејач до летото својата линија ќе ја донесе до совршенство.

Инаку, македонскиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, неодамна пред камерите на истата продукција призна дека Александра Младеновиќ е една од оние колешки што би ја издвоил како некоја што му се допаѓа, па многумина ги заинтересира дали има нешто помеѓу нив.

На ова прашање неодамна одговори самата пејачка која беше дел од екипата на „Никогаш не е доцна“.

Пејачката неодамна беше дел од екипата на „Никогаш не е доцна“, па на прашањето во врска со Огнен, одговори:
„Се уште не сме се запознале, ќе се случи, има денови. Ќе се запознаеме. Но јас него не го гледам со тие очи. Момчето е симпатично и преубаво пее, но едноставно никогаш не сум го гледала на тој начин“, изјави неодамна Александра за „Гранд“ искрено откривајќи што мисли за Огнен.
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
