Македонската Гранд ѕвезда прв пат искрено за животот во Германија – замина по свадбата, ова е сопругот
Популарната македонска пејачка и Гранд ѕвезда раскажа каков е животот во Германија.
Марија веќе некое време живее во Германија, а сега првпат проговори како ѝ е таму.
Марија Груевска огромна популарност стекна со своето учество на најпопуларното музичко шоу на Балканот, Ѕвездите на Гранд.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Уште со својот прв настан го воодушеви жирито, но и публиката и тоа со фантастичниот глас, но и со совршениот стајлинг.
Марија од круг во круг беше сѐ подобра, а голем впечаток оставаа нејзините ексцентрични креации.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Одлични ценски настапи, фантастичен глас, совршено одбрана гардероба за на сцена – Марија буквално изгледаше како светска ѕвезда.
Активна е и на социјалните мрежи, каде според фотографиите може да се заклучи дека воопшто не се плаши да експериментира со изгледот.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Марија е сѐ, само обична не.
Иако кариерата и тргна во нагорна линија, Марија и нејзиниот опруг Синиша одлучија да се преселат во Германија.
Оттаму пејачката постојано споделува фотографии и видеа, а сега си ја отвори душата и раскажа како се чувствува.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
„Додека слушав каков е животот во Германија, не сакав да шетам таму ниту како турист. Но, откако видов и почувствував на своја кожа, можам само да кажам дека повеќе не верувам во ништо додека не го видам.
Сè е сосема спротивно од она што го кажуваа. Прекрасни места, топли луѓе, висока култура. Силно го препорачувам како ваша следна дестинација за патување. Германија, Баерн“, напиша Марија.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Инаку, Марија се пресели во Германија по големата свадба што ја направи минатата година во Битола.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
Таа е во брак со Синиша Стојаноски кој и беше најголема поддршка и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
ФОТО: Инстаграм / Марија Груевска
На нивната свадба беа многу колеги од шоуто на младата пејачка. а како изгледаше таа како невеста, потсетете се во продолжение: