Македонската „Гранд ѕвезда“ најави спектакл – нова песна, но и ВИСТИНСКО изненадување за неговите бројни фанови!

Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Огнен Здравковски, за медиумите откри дека наскоро ќе ја израдува публиката со нова песна.

Во интервју за Гранд.онлајн тој изјави дена наскоро ќе објави кога го објавува новиот спот за песната. Песната е балада, спотот се снимаше во Белград, а како што самиот пејач откри, најголема поддршка му е семејството, но и ако не се пријавил во „Ѕвездите на Гранд“ не би бил она што е денес.
Инаку, Здравковски е голем пријател со познатиот пејач Саша Ковачевиќ, кој исто така му е голема поддршка, па за Гранд призна дека можеби преку летото би можеле да направат и еден заеднички концерт.

Инаку, Огнен додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, беше во тимот на Марија Шерифовиќ.

Тој беше еден од најдобрите кандидати и стигна до финалето, а по шоуто сериозно работи на својата музичка кариера.

Марија не криеше дека Огнен е еден од нејзините омилени пејачи во нејзината екипа, а набргу по натпреварот на сите ни стана јасно зошто е тоа така.
Имено, Огнен ги оправда очекувањата на својата менторка, а подоцна се спријатели и со пејачот Саша Ковачевиќ кој досега неколку пати го поддржа и јавно, изјавувајќи дека цврсто верува во неговиот талент.
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
