Македонската Гранд ѕвезда направи драстична промена – сега е непрепознатлива, повеќе воопшто не изгледа исто!
Нејзиниот живот драстично се промени по учеството на регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд, а денес таа направи и драстична промена на својот изглед.
На македонската пејачка Елена Миленковска животот и кариерата ѝ тргнаа во нагорна линија, а популарноста значително ѝ се зголеми.
За време на снимањето на музичкото шоу го запозна својот сегашен сопруг Гуте Маринковиќ. И двајцата беа под менторство на Ана Бекута.По неколку месечна врска Елена и Гуте минатата година во февруари стапија во брак.
Она што беше интересно беше тоа што Гуте ја запроси Елена токму за нејзиниот 27 роденден, па наместо подарок, пејачката си доби веренички прстен.
Пејачката одлучи да го напушти музичкото шоу и им соопшти на своите фанови прекрасна вест, дека таа и Гуте го очекуваат своето прво дете.
Во март 2020 двајцата пејачи се остварија во улога на родители и го добија синот Максим.
„За својот 27 роденден посакав тортата со број 28 да не ја дувам сам. Универзумот ме послуша и покрај тоа што те испрати тебе Елена, ми прати и мало чудо кое има 300 грама. Многу сум среќен што во оваа 2020 ќе станам татко“, напиша тогаш новопечениот татко.
Пејачката се посвети максимално на мајчинството, но секако не ја запостави и кариерата. Во ниту еден момент не престана да се грижи за својот изглед и продолжи да вежба со цел да се врати на посакуваната линија.
Имено, таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои се гледа како тренира облечена спортски во боди и хеланки, а како што и самата напиша во описот на објавата, за неа физичката активност е една од најдобрите работи што можете да ги „направите за себе и за своето здравје по породувањето“.
Освежена и уште похрабра, таа се врати во шоуто и продолжи да се натпреварува.
Најголема поддршка зад сцената секогаш ѝ беа нејзиниот сопруг и синот.
Деновиве таа сподели нови фотографии на кои се гледа дека се одлучила за драстична промена на изгледот.
Таа го преферира природниот изглед, барем според она што може да се забележи на фотографиите на Инстаграм.
Таа својата долга руса коса одлучи да ја скрати кратко и да ја бојадиса во светло црвена.
„Некој сум кој многу сака промени, посебно кога имам најдобар фризер и кога знам дека ќе испадне феноменално. кога завршивме ми рече дека не може да се одлучи кога боја подобро ми прилега, затоа што и двете му се допаѓаат.
А што вие мислите?
Ќе се сложите со мене дека најдобро е чувството кога сте задоволни како изгледате и ќе се погледнете во огледало па ќе проработи во вас она „колку сум убава“, а тогаш со сигурност се му убави секому“, заклучи пејачката.
Како ви се допаѓа нејзината промена?