Македонската „Гранд ѕвезда“ клекна на колена и пред црквата ја запроси: „Засекогаш моја, Марија!“
Прстенот блесна на раката на неговата сакана

Мите Стоилков се прослави со учеството во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои четвртото место.
Тој во ова популарно музичко шоу се натпреваруваше пред две години и со својот талент веднаш ги освои сите.
Тој е поприлично популарен и на социјалните мрежи, каде редовно ги известува своите обожаватели за сето она што му се случува, но овој пат ги изненади сите со среќната вест што ја објави.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Имено, шармантниот пејач објави на Инстаграм дека ја запросил својата девојка и дека таа му кажала „ДА“.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
„Велат, кога срцето ти го радува, таа е вистинската. Засекогаш моја, Марија“, напиша Мите под сликата со вереничкиот прстен.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Тој објави и фотографија на која се гледа моментот кога собра храброст и клекна на колена пред Марија, која беше поприлично изненадена, но и воодушевена од ваквиот негов чекор.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Следуваа бројни честитки од фановите, а како изгледа саканата на Мите погледнете од во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Инаку Мите покрај тоа што беше ден од најдобрите во „Ѕвездите на Гранд“, тој своевремено беше и победник во Пинк ѕвезди.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Мите е син на музичарот Горан Стоилков, член на групата Огнени момчиња, а младиот пејач Трајче Ѓоргиев кој пред десетина години доминираше во „Пинковите ѕвездички“ му е братучед.
Мите во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Вики Миљковиќ, со која има голема желба да сними заедно песна.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Тој по објавувањето на спотот за песната „Амајлија“ прв пат откри дека е заљубен, но не сакаше ништо повеќе да открива.
„Не сакам премногу да зборувам за тоа, но признавам дека сум вљубен. Му благодарам на Господ, се е во ред во приватниот живот, изјави тогаш шармантниот пејач за „Гранд.онлајн“.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Инаку, песната Амајлија е првата песна што Мите ја снимаше за Гранд продукција. Тој долго време по шоуто не објави ништо, а како што самиот вели, тоа било така затоа што му требало малку повеќе време да работи на самиот проект, но и заради обврските околу студиите.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Имено, цело време додека работеше на својата музичка кариера Мите напоредно и ги завршуваше студиите, што е секако за пофалба.
Младиот Стоилков за време на натпреварот во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ важеше за скромно момче со ангелски глас и неверојатен талент, а како звучи неговата песна, доколку се уште не сте ја слушнале, преслушајте ја во продолжение.