Македонската Гранд ѕвезда и нејзиниот вереник соопштија преубави вести – неизмерна среќа во домот, се собра цело семејство да прослави!
Македонската пејачка и нејзиниот вереник имаа убава причина за славење, па во таа чест целото семејство се собра на едно место.
Нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ за неа вели дека ги има сите предиспозиции за успешна балканска кариера.
„Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика“, изјави тој во една пригода за неприкосновениот талент на Мими.
Снимката од нејзината изведба на безвременската бала од Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ од Уснија Реџепова е една од најгледаните на шоуто. Младата Мими овие песни ги изведе на генијален начин и предизвика овации кај публиката.
Од жирито доби само пофални зборови. Сите беа воодушевени од нејзиниот глас и не го криеја тоа.
Но, таа не би го постигнала овој успех да не ја имсла големата поддршка од своето семејстбо. Токму нејзината мајка ја има пријавено во шоуто.
Талентот за музика го наследила токму од неа, која исто така има талент за пеење.
Она што може да се забележи од фотографиите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи е нејзината неверојатна сличност со мајка ѝ.
Пејачката вели дека често добиваат коментари дека личат на сестри.
Освен најблиското семејство, голема поддршка на пејачката во кариерата ѝ е нејзиниот вереник Филип.
Пред извесно време тие двајца ја израдуваа публиката со прекрасна вест.
На својот Инстаграм профил Мими објави фотографии преку кои покажа дека му кажала “да” на своето момче.
Филип се погрижил за романтичното запросување и го украсил местото, но повеќе детали за целиот чин сѐ уште не соопштија. Балони, свеќи и цвеќиња се гледаат во позадина на фотографиите, а насмевката на нивните лица кажува сѐ.
„Милион пати да”, напиша Мими во опис на фотографиите и го покажа вереничкиот прстен.
Сега имаа нова убава причина за славење.
Имено, по повод роденденот на Филип, целото семејство се собра на едно место. Филип наполни 28 години, а пејачката одлучи на Инстаграм да сподели фотографии од роденденската атмосфера.
„Наздравје за најпосебната личност во мојот живот! Се надевам дека уживаш во убавите работи што животот ги нуди. Ти посакувам весел, здрав и исполнет живот и знај дека секогаш ќе бидам покрај тебе за да те сакам и да те ценам.
Среќен роденден љуубов моја!“, стои во описот на фотографиите.
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска