Македонската Гранд ѕвезда искрено за борбата со пороците: Не се трезнев, овој човек ми помогна
Пејачот веќе подолго време не пие и признава дека не паѓа на искушенија
Отворено зборуваше за својот најтежок период во животот
Младиот Александар Јосифовски кој се прослави во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ и кој со својата животна приказна го расплака менторот Ѓорѓе Давид не го крие своето проблематично минато.
Тој отворено зборува за периодот кога се лечел од алкохолизам и признава дека рокерот најмногу му помогнал.
Во својата исповед Јосифовски исто така откри и дека го излажал Саша Поповиќ кога не се појавил на едно снимање.
Пејачот имал сериозни проблеми со алкохолот, а заради Давид престанал да пие и успеа да ја врати својата енергија.
Како што самиот открива, проблемите со алкохолот започнале уште во тинејџерските години, кога настапувал со својот бенд.
„Јас го сакав алкохолот, уживав во тоа, на крајот дојде до претерување, вели тој и додава дека се тргнало спонтано, за да во еден момент сфати дека ја изгубил контролата и дека има сериозен проблем“.
„Најпрво човек треба да признае дека има проблем, за да може да си помогне самиот на себеси. Беше таа почетна приказна, а поминаа четири години откако влегов во Ѕвездите на Гранд. Беше тука првата сезона кога испаднав во четвртфиналето. Следната година се пријавив, но тогаш пиев. Работите не одеа баш најдобро, тоа беше некој мој проблем, но тоа тогаш не го знаев, живеев во илузија“.
„Некои работи се доста интересни, илузијата да ја претвориш во реалност. Секогаш ќе го кажувам тоа, оној што знае да пие, нека пие, оној што не знае, нека не пие и тоа е крај. Алкохолот секогаш е достапен. ‘На мене Ѕвездите на Град’ ми го променија животот“, истакна младиот пејач и призна дека Ѓорѓе Давид е човекот што многу му помогнал да се извлече од канџите на овој порок.
Пејачот потоа за Гранд раскажа и дека со Ѓорѓе, додека бил на лечење, го излажале Саша Поповиќ дека е во Австралија.
„Приказната беше дека сум во Австралија, а бев на клиника“, раскажува Александар за „Гранд“ и открива дека таканаречените блокатори заради кои сега не смее да користи алкохол почнал да ги зима по убедување од Ѓорѓе.
Инаку, Јосифовски по финалето во „Ѕвездите на Гранд“ беше поканет од тимот на Лепа Брена на заедничка турнеја низ Америка, по што неговата кариера почна забрзано да се движи по угорна линија.
Неодамна ја промовираше и својата нова песна направена во соработка со водителката Сања Чулибрк, која е автор на дел од текстот.
Како Александар изгледаше додека се натпреваруваше во шоуто, но и како звучи неговата нова песна, погледнете и слушнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски