Македонската Гранд ѕвезда им ги стопли срцата на сите – исплива неодолива снимка, ќе се воодушевите
Погледнете како сопругот на познатата пејачка и го честиташе роденденот на својата сакана
Пејачката Мими Ноне која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ славеше роденден во кругот на своето семејство.
Мими која на почетокот на минатиот месец се оствари во улога на мајка објави неколку фотографии со кои ги разнежни сите.
На фотографиите покрај свеќичките и тортата шоуто го украде нејзиниот син Никола, како и емотивната порака на сопругот.
„Среќен роденден љубов моја, да ми бидеш најсреќна“, напиша партнерот на Мими, музичарот Филип Нуневски.
Инаку, Мими и Филип во август минатата година се заколнаа на вечна љубов во црквата Свети Димитрија во Скопје.
Пејачката на свадбата изгледаше како принцеза, а најубавиот момент беше кога заедно со младоженецот ја изведе песната што ја создале специјално за овој посебен ден во нивните животи.
И додека Мими пееше, нејзиниот сопруг свиреше со трубата, а гостите уживаа во романтичната глетката полна со емоции.
Мими и тогаш цело време блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето, како и сега, на својот роденден.
Како Мими и Филип изгледаа на најубавиот и највеселиот ден во нивните животи, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска