Македонската Гранд ѕвезда го „сруши“ интернетот – погледнете како пее заедно со неговото куче
Имаме нова Гранд ѕвезда, но овој пат малку поинаква од сите оние што досега сме ги гледале
Македонскиот пејач го изненади целиот Балкан
Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, но кој веќе неколку години живее и во Франција, Даниел Тренчовски, и по шоуто продолжи успешно да ја гради својата кариера. Тој неодамна своите фанови ги израдува со нова песна „Казна љубавна“ која што ја објави во соработка со Гранд продукција, а која веќе е хит на социјалните мрежи и има скоро милион прегледи.
Пејачот тогаш ги изненади сите со тоа што го промени правецот и објави типично кафеанска песна, а многумина коментираат дека тоа го направил под влијание на својот ментор, Драган Стојковиќ Босанац.
Како и да е, оваа боемска песна ги освојува срцата на публиката, а тоа деновиве го направи и пејачот со уште едно свое видео.
Принтскрин/ Јутјуб
Но овој пат во главната улога не е тој, туку неговото кученце кое, верувале или не, пее заедно со него песна од Синан Сакиќ.
Имено, на профилот на Јутјуб на младиот пејач има едно видео од кое можеме да видиме како Даниел се забавува со својот миленик.
Принтскрин/ Јутјуб
И штом Даниел започна да го свири на клавијатурата хитот на Синан, неговото кученце се качи на фотелјата и во интонација со музиката реагираше на популарната песна „Еј, откад сам се родио“.
Принтскрин/ Јутјуб
Оценете ја пејачката од 1 до 10, напиша Даниел под видеото кое веднаш стана вирално и ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Јутјуб
Како пееше кученцето на Даниел, но и спотот за неговата најнова песна која што го освојува Балканот, погледнете ги во продолжение…