Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда го промени имиџот, па ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ и со една убава вест (фото)

Нема да го препознаете во ова издание

Реклама

Пејачот Александар Јосифовски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ често објавува фотографии и снимки на социјалните мрежи.

Па така можевме да видиме дека покрај пеењето, тој ужива и во други активности, а една од нив е и рибарењето.

Имено, тој знае да се одмори покрај Охридското Езеро каде често оди со своите вадици и на тој начин се релаксира.

Маркетинг

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Но овој пат Александар не ги изненади своите фанови со некој неверојатен улов, туку со фотографии на кои е тој самиот.

Маркетинг

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој позираше во издание во кое изгледаше речиси непрепознатливо, но повторно во неговиот шик рокерски стил.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Неговите фанови посебно беа изненадени од неговата долга коса, а тој не крие дека одамна имал желба да има ваква фризура.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Потсетуваме, Јосифовски беше специјален гостин на концертот на Андријана Петрушовска на кој настапи и Мики Секуловски.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тие заедно направија одлична забава, а Александар по концертот во интервју за „Гранд.онлајн“ откри и дека работи на албум.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој постојано е зафатен и настапува како во Македонија, така и надвор од земјава, а сега го најави и албумот кој треба да излезе до крајот на годината. Како што откри пејачот за „Гранд“, некои песни се веќе готови, а најави и голем рок концерт, за поширока публика.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button