Македонската Гранд ѕвезда го покажа својот згоден сопруг – изгледаат ФЕНОМЕНАЛНО, уживаат за сите пари во брачниот живот
Многумина без изненадени кога видеа колку е згодна пејачката, но и нејзиниот сопруг од кого не се разделува.
Младата македонска пејачка Марија Груевска која се прослави со учеството во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ покрај својот глас привлекува внимание и со својот изглед.
Таа телото го донесе до совршенство со редовни тренинзи, што може да се забележи и од нејзините објави на социјалните мрежи.
Имено, Марија деновиве уживаше во Лутраки, Грција, од каде објави видео снимка со која ги воодушеви сите.
Пејачката редовно се огласува на Инстаграм, но со своето најнови издание никого не истави рамнодушен.
Таа се снимаше додека уживаше во прегратките на својот сакан Синиша, облечена во црвен дводелен костим за капење.
Ова беше идеална прилика да го покаже своето тело што Марија го донесе до совршенство со редовните тренинзи и здравата исхрана. Од објавата на социјалните мрежи можеме да видиме и дека нејзиното момче е во топ форма, но и како уживаат кога се заедно на едно вакво место.
Инаку, пејачката неодамна се врати од Германија, каде се пресели со сопругот по свадбата што ја направија во Македонија.
„Се преселив во Германија, но да бидам искрена не ми се допаѓа овде. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар. Таму сум навикната, но и сите сме таму“, изјави неодамна шармантната битолчанка за Гранд.онлајн. таа истовремено откри и дека снима две песни за кои се надева сека ќ го видат светлото на денот до летото.
Како таа изгледаше во своето последно издание, додека уживаше со саканиот, погледнете во галеријата…
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска