Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ги скара Цеца и Поповиќ – пејачката шокирана од она што го направи тој

Цеца бесна заради однесувањето на нејзиниот колега

Реклама

Македонката и овој пат беше одлична

Скопјанката Андријана Петрушовска растури и во овој круг од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и освои максимален број гласови.

Таа настапи во дуел со Ирма Хасиќ, но беше многу подоминантна и со освоените шест гласови помина директно во следниот круг.

Маркетинг

По настапот Светлана Цеца Ражнатовиќ веднаш ја пофали, а одлична критика доби и од сите останати членови на жирито.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Цеца исто така коментираше дека Македонката и покрај тоа што беше болна звучеше подобро, но и изгледаше многу посигурно.

Петрушовска доби комплименти и од Снежана Ѓуришиќ и Ана Бекута, а нејзиниот ментор Александар Милиќ Мили беше презадоволен.

„Андријана е кандидат што треба да пее песни од големи пејачи, комерцијални, не стигнавме доволно да работиме заради нејзината болест, но таа успеа да го направи тоа и со воспаление на крајниците, да изнесе. Но сметам дека дек неа како кандидат во ова шоу треба да ја поддржиме во промената“, објасни менторот на Петрушовска, а Саша Поповиќ потоа се обрати до Андријана и ја праша дали се консултирала со докторите околу вадење на крајниците.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Ова ја изнервира Цеца која овој пат реши да не молчи па жестоко се вклучи во дискусијата и следново му го порача на својот шеф.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Тука кандидатите се дојдени да пеат, а не да ги советуваме да ги вадат своите органи. На што личи тоа, не сме ние клиника, само се мешаш во нешто што не е твоја работа“, му се обрати жестоко Цеца.

„Постојано има проблем со крајниците па затоа прашувам дали била кај доктор и дали треба да вади. На тебе јас јазикот би ти го извадил“, се пошегува Поповиќ, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Инаку, Петрушовска во овој круг покрај својата одлична изведба на песните ги освои сите и со својот прекрасен изглед.

Таа овој пат на сцената блесна во креација во кралска сина боја со голем отвор на грбот и интересен детаљ на предната страна, а целото издание го „зачини“ со својата долга коса врзана во плетенка.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Фустанот беше со доги ракави и со должина до подот, но и со длабок шлиц со кој пејачката ги истакна и своите убави нозе.

Како оваа згодна скопјанка во ова свое занесно издание блескаше на сцената, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button