Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ги изненади фановите со емотивното видео – овој бакнеж сите ги разнежи

Ова е мајката на младиот пејач, многумина велат дека својот шарм го наследил од неа...

Реклама

Македонската Гранд ѕвезда, Омар Џаферовски, пријатно ги изненади сите со една од своите последни објави на Инстаграм.

Младиот пејач кој се прослави во популарното шоу по завршувањето на истото продолжи да ја гради својата музичка кариера.

Тој заедно со својот бенд постојано настапува низ клубовите во Македонија, а додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за еден од најталентираните пејачи.

Маркетинг

Инстаграм/ Омар Џеферовски

Имено, Омар во еден од дуелите успеа да го победи дури и Мики Секуловски, но немаше среќа да стигне до финалето.

Маркетинг

И тоа буквално станува збор за среќа бидејќи од шоуто не испадна заради тоа што другите беа многу подобри од него, туку откако Саша Поповиќ со жрепка реши да одлучи кој да помине во следнот круг, па Омар немаше среќа и го напушти натпреварот.

Инстаграм/ Омар Џеферовски

Како и да е, Омар максимално ја искористи популарноста што ја стекна во шоуто и продолжи успешно со својата кариера.

Тој е поприлично активен и на социјалните мрежи, а сега сподели и една приватна снимка со која што ги изненади сите.

Инстаграм/ Омар Џеферовски

Имено, Омар се снимаше како ја бакнува својата мајка, Суада Џаферовска, и на овој начин и го честиташе роденденот.

И бидејќи малкумина знаеја како изгледа неговата мајка, повеќето беа изненадени од тоа каква дама и убавица е во прашање, но и од тоа колку пејачот личи на неа.

Инстаграм/ Омар Џеферовски

Омар потоа сподели и една снимка на која се гледа како на својата мајка и пее во еден ресторан, што исто така ги разнежни сите.

Инстаграм/ Омар Џеферовски

Инстаграм/ Омар Џеферовски

„Мојот херој. Среќен роденден мајко моја“, напиша Омар на една од овие снимки, а потоа го додаде и следново:

„Те сакам до небото и назад“, и порача синот на својата мајка и на овој начин и го честиташе овој важен ден во животот.

Бонус видео

Инстаграм/ Омар Џеферовски

Еве како Омар и го стопи срцето на својата мајка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button