Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ги изненади сите – сите коментираат дека сега изгледа уште поубаво

И ова момче не можеше да му одолее на трендот

Реклама

Објави фотографии од пред и по третманот

Младиот пејач на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и покажа како го решил проблемот со кој се соочувал со години. Имено, тој направи трансплантација на косата, па веднаш се пофали со резултатот, а неговите бројни обожаватели му порачаа дека промената му стои одлично и дека сега изгледа уште поубаво…

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Многу претставници на посилниот пол во последно време одлучуваат да направат трансплантација на коса.

Еден од нив е и македонската „Гранд ѕвезда“ Ален Хасановиќ кој неодамна се пофали со резултатот од третманот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Откако го направи третманот беше презадоволен и веднаш се пофали со резултатот кој навистина е воочлив.

Маркетинг

Ален на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и покажа како го решил проблемот со кој се соочувал со години.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

„Драги мои, сите што сакате да направите трансплантација на косата, јавете ми се да ви ја препорачам клиниката и луѓето што тоа ми го направија на мене. Јас сум презадоволен“, напиша познатиот пејач.
Тој објави и неколку фотографии, а во коментарите многумина му порачаа дека промената му стои одлично.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Од фотографиите можеме да видиме дека косата сега навистина му е погуста отколку порано, а ваков третман неодамна направи и момчето на пејачката Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот Немања Гудељ.

Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески

Покрај Ален, минатата година ваков третман направи и еден негов колега кој исто така се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.

Станува збор за младиот пејач Ристе Ристески кој пред шест години ги освои срцата на девојките ширум регионот кога победи во ова популарно шоу. И Ристе тогаш, исто како Ален, објави неколку фотки на Инстаграм и го покажа резултатот од трансплантацијата, а како изгледал и тој пред и по посетата на клиниката, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button