Македонската Гранд ѕвезда во Косово направи лом – ФАТАЛНАТА ПЕЈАЧКА никого не остави рамнодушен
Одлилен настап на познатата македонска пејачка
Младата македонска пејачка Андријана Петрушевска која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ работи со полна пареа.
Таа настапува низ клубовите во Македонија, но и надвор од нашите граници, а за еден нејзин настап се зборува во регионот.
Имено, пејачката која што ги воодушевуваше сите со својот глас во популарното шоу имаше настап во еден клуб во Косово.
Видеото од настапот исплива на социјалните мрежи, а на него се гледа како сите пеат заедно со Андријана.
Кулминацијата настана кога атрактивната македонска пејачка ја запеа песната Ѓурѓовден не оставајќи никого рамнодушен.
Публиката целата песна ја пееше на глас со Андријана која покрај преубавиот глас воодушевува и со својот фатален изглед.
Облечена во кус фустан и со тенки високи потпетици атрактивната пејачка едноставно блескаше на сцената, а оние што беа во првите редови ја следеа без здив.
Потсетуваме, Андријана беше една од финалистките во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога со својот глас, но и со енергијата со која што зрачеше постојано го привлекуваше вниманието на сите.
Нејзиниот настап во финалната вечер во црвениот фустан со длабок шлиц уште долго време ќе се памети, а како изгледаше тогаш, но и сега, погледнете во продолжение.
Имено, Петрушевска е поприлично активна и на социјалните мрежи и има голем број обожаватели од целиот регион, а некои од нејзините последни фотографии погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска