Македонската Гранд ѕвезда во врска со колешка? Цеца Ражнатовиќ го обожаваше, ѝ беше миленик!
Како што пишува Гранд.онлајн, миленикот на Цеца си фати нова девојка
Овогодинешните учесници во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Ѓорѓески и Миа Смиљаниќ, кои беа дел од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, по натпреварот се неразделни.
Тие речиси секојдневно објавуваат заеднички видеа на социјалните мрежи, а популарни се речиси на сите платформи.
Но покрај тоа што се добар тандем веќе почна да се шушка и на глас дека помеѓу нив има многу повеќе од чисто пријателство.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Впрочем тоа го забележаа и нивните следбеници кои им порачаа дека се прекрасен пар, но и дека не треба да се правдаат на никој.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Дарко и Миа досега ниту ги демантираа ниту потврдија овие гласини, а дали навистина се во врска, наскоро ќе дознаеме.
@omg.darko Prazne priče ..🫠 #fyp #trend #darkogjorgjeski #miasmiljanic #viral
Инаку, Дарко оваа година беше еден од омилените кандидати на популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тој ги освои сите со својот шарм, а неговата менторка ги изненади сите кога откри дека Дарко не е непознато лице во светот на музиката, односно дека тој е автор на популарниот хит „Бог и батина“ кој откако се појави не се симнува од музичките листи во регионот.
@omg.darko habibi 🌊🫧 #fyp #darkogjorgjeski #miasmiljanic #trend #viral #teatairovic
„Дарко инаку е композитор, тој е автор на песната ‘Бог и батина’. Тоа клинците го слушаат, а вие треба да го знаете“, објасни тогаш балканската кралица на фолк музиката и менторка на Ѓорѓески во шоуто.
Инаку, ова младо и симпатично момче, и покрај тоа што не успеа да направи некој позначителен резултат во шоуто, стекна голем број фанови, посебно преку социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Од него посебно беа воодушевени Ѓорѓе Давид и Цеца Ражнатовиќ која не криеше дека е презадоволна што е во нејзиниот тим.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој е поприлично активен и на Инстаграм, а како изгледа и во своите приватни изданија, погледнете во продолжение…