Македонската водителка ја покажа својата НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ – погледнете како изгледа човекот што и го украде срцето!
Водителката која народот ја обожава уште еднаш покажа дека тој е сопственик на нејзиното срце.
Македонската водителка Александра Илиевска изгледа посреќно и позадоволно од кога и да е.
Народот ја засака како водителка на кулинарското шоу Брза кујна, но по породувањето Александра се одлучи да ја смени матичната куќа и се префрли на утринската програма на Канал 5.
Во јануари оваа година водителката се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата прва ќерка Сара.
Досега сѐ уште во јавност нема објавено фотографија со лицето од својата ќерка, но понекогаш споделува семејни фотографии на кои се гледа дека и таа и нејзиниот сопруг зрачат од среќа.
Водителката во едно свое интервју откри зошто таа и сопругот се одлучиле за името Сара.
„Имавме неколку имиња кои ни се допаѓаа и многу бевме неодлучни.
Старосватицата ми подари и книга, речник на лични имиња за да имаме повеќе инспирација, па така имавме пет имиња кои ни беа во потесен избор, но сопругот сепак остави на мене.
Кога се породив и ја имав во раце првото име кои ми дојде да и го кажам беше Сара, таа е наша мала слатка принцеза.
Симпатично беше дека некои од пријателите не зезаа за избор на некои од имињата, но кога им ја пративме на слика беше преубава реакцијата дека кое име и да сме го одбрале таа ќе го украси со својата убавина”, кажа водителката.
Она што мора да се признае е тоа дека Александра изгледа подобро од било кога. Се чини дека сѐ ѝ од и од рака.
Линијата веднаш ја доведе до совршенство, а повторно и се врати и на кариерата.
Но, и покрај многуте обврски и професионални и како мајка, таа сепак наоѓа време и за љубовта.
Таа и нејзиниот сопруг се трудат да ја негуваат својата љубов и да го задржат жарот на нивната врска.
На својот Инстаграм профил сподели фотографија преку која покажа дека одлучиле да одвојат време само за нив двајца.
Иако тазе родителите немаат многу време за тоа, тие сепак наоѓаат начин.
Насмеани и среќни, Александра и нејзиниот сопруг се вистински пример за сите парови.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска Пановска