Македонската водителка откри детали за бракот и сопругот: „За пари побелен го земав”
Македонската водителка сподели детали за брачниот живот и ги засмеа своите фанови.
Јана прослави годишнина со својот сакан, па сподели детали за брачниот живот.
Јана Серафимова е една од најубавите, но и најдобрите водителки од помладата генерација во моментов.
Својата кариера ја започна уште многу одамна, а досега има работено во неколку телевизии и на различни проекти.
Во моментов можеме да ја гледаме на фрекфенцијата на Телма телевизија на емисија посветена на спортот.
Доста е активна на социјалните мрежи, каде често споделува објави поврзани со нејзиниот приватен живот.
Вљубена и среќна делува на фотографиите на кои позира со својот сакан.
Веќе една година е во брак со сопругот Горан Петровски и често на Инстаграм споделува како уживаат.
Деновиве тие прославија годишнина од брак, па по тој повод Јана сподели видео направено на нивната свадба.
И двајцата танцуваат и се веселат, среќни што љубовта ја крунисуваат со брак.
Таа ја искористи приликата и јавно да му изрази љубов на сопругот и откри детали од нивниот брачен живот.
„Секоја утакмица на Партизан му е дозволено да ја гледа дома и да навива веќе 365 дена.
Нема наместено кревет ниту еден ден.
Праи највкусни јадења на свет.
Косата му е побела од пред година дена (значи овие шо се секираа дека за пари побелен го земав, без грижи да бидат) ИДИЛА.
Го сакам највеќе и е најбољи чоек на свет“.
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова
ФОТО: Инстаграм / Јана Серафимова