Реклама
Наши ѕвезди

Македонската водителка на романтичен викенд со сопругот – изгледаат ПРЕСРЕЌНО, вљубени и среќни како и првиот ден (фото)

Реклама

Популарната македонска презентерка и нејзиниот сопруг уживаа Охрид.

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Билјана Дебарлиева е една од најдобрите, но и најубабите презентерки во Македонија.

Таа е синоним за отменост и елеганција.

Маркетинг

Она што најмногу е за почит е што таа е една од ретките кои го негуваат литературниот изговор и додека се вклучени камерите, но и во приватноста.

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Иако веќе ја гази петтата деценија од животот, мора да се признае дека изгледа подобро од било кога. Времето како да запрело за оваа жена. Годините ништо не ѝ можат.

Дебарлеива својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Билјана е повеќе од 25 години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.

Тие важат за складен пар кој ги негува вистинските морални вредности и секој слободен момент го користат да бидат заедно, па и негде да отпатуваат.

Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор.

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Според познатата водителка формула за успешен брак е толеранцијата и довербата.

„Кога ќе се навратам назад, што сѐ не поминало во овие години зад нас. Не можам да кажам тајна или формула за успешен брак. Од мое лично искуство е да има толеранција меѓу партнерите, да нема воопшто љубомора. Ниту јас сум љубоморна, ниту мојот сопруг е љубоморен на мене. Иако типот на мојата професија некогаш барал да останувам многу до подоцна, да не бидам присутна дома.“

„Никогаш не сум оставила простор да се посомнева во нешто. И тој секогаш ја имал слободата кога требал да излегува и шета. Кога ја имаш довербата не се измачуваш и не се јадеш самиот себеси и не помислуваш на некакви црни сценарија“, вели Билјана.

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Викендов таа и нејзиниот сопруг заминаа во нејзиниот роден крај. Фотографии од романтичниот викенд Билјана сподели на Фејсбук.

„Прекрасен ден во Охрид”, стои во опис на фотографиите.

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

Фото: Фејсбук / Билјана Дебарлиева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button