Македонската водителка мами воздишки кај и да се појави – изгледа гламурозно и на плажа, од глава до пети
Македонската водителка се појави средена од глава до пети на плажа.

Како вистинска дама во елегантен костим за капење и наметка, со фризура и шминка Елена Најдоски се прошета на плажа.
Водителката на емисијата „Живот со стил“ долги години е дел од телевизиската сцена и може да се пофали со кариера каква посакува секоја водителка во земјава.

Активна е и на социјалните мрежи кои ги користи и за бизнис, но и често знае да сподели фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот.
Живее гламурозно и со стил, а тоа може да се види од нејзините фотографии.

Својот дом го има уредено по свој вкус, уникатно и луксузно, а како голем хедонист ужива во добрата храна, добар пијалок и патувањата.
Во брак е со нејзиниот долгогодишен партнер, бизнисменот Бојан Најдоски.

Заедно патуваат, а како што самата вели, Бојан ѝ е најголема поддршка во се што прави.
И двајцата сакаат да живеат со стил и токму така е уреден и нивниот стан во главниот град.

Со почетокот на летната сезона Елена и Бојан одлучија да заминат на кратко летување во Грција.
Оттаму таа сподели фотографии во костим за капење.

Бидејќи е жена со стил, таа таква и се појавува и на плажа – средена од глава до пети.
Елегантен костим за капење, наметка и лакована чанта.
Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски