Реклама
Наши ѕвезди

Македонската водителка за нејзината НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ: „Те сакам до небото и назад“

Реклама

Инспиративна, мотивирачка, жена хуманитарец која треба да служи за пример на останатите во земјава.

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Ана Јовковска е новинарка, водителка, продуцентка, активистка, хуманистка и творец на еден од најгледаните ТВ проекти „Пулс“.
На малите екрани почнува да се појавува во далечната 1994 година кога имала околу 12 години.
Во својата кариера може да се пофали дека работела на различни телевизиски прокети, направила над 1000 интервјуа со личности од различни професии.

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Со нејзината емисија „Пулс“ ги внесе важните културолошки, филозофски и политички теми во најгледаните термини на телевизија. Неколкупати емисијата беше наградувана за најдобар ТВ проект во Македонија.
Авторка е на повеќе текстови од областа на медиумите, културните идентитети, креативните индустрии, родовите студии, филмот и друго, а како магистрант по комуникации, учествувала и во неколку научни истражувања од областа на комуникологијата и културните студии.
Освен тоа иницијаторка е и учесничка во различни граѓански иницијативи, социјални движења и протести за човекови права, екологија, анти-национализам, социјална правда, права на маргинализирани групи, права на животните и др. Организирала и поддржала голем број хуманитарни настани. Учествувала на различни фестивали и многупати била панелистка и модераторка на трибини и јавни собири.

Маркетинг
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Им помага на луѓето и животните како начин да го оправда своето постоење, а за себе знае да каже дека „рајот го замислува како библиотека полна со книги“.
Со своите три книги во изминативе 5-6 години, „Пулсот на времето“, „Ехо на слободата“ и „Сакам, значи постојам“, кои одлично поминаа кај публиката, Јовковска успеа да создаде дел од културната меморија на едно општество и време.
Пишувањето е ели нејзината најголема слобода. „Сакам значи постојам“ е најинтимното тесто од нејзината кујна.
Во неа се соголува и го кажува она што ја притискало, болело, смеело и растажувало. Вели не знам дали кажав доволно или премногу, но кажав искрено.

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Најверојатно најважно нешто поврзано за неа е дека Јовковска е храбра жена и грижлива мајка.
Вели три работи ја прават среќна – детето, кучето и книгите, тоа е нејзиното свето тројство. А, кога една од омилените работи ти станува и вистинска работа, тогаш на меракот нема крај.
Во 2016 година таа на свет го донесе својот син Алекс.
„Првата насмевка на Алекс е почеток на едно поинакво искуство, кое мајките сè уште не нашле зборови да го објаснат, туку велат треба да се доживее“ – изјави Јовковска по породувањето.

Маркетинг

Активна е на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од нејзиното семејство и емотивни објави поврзани со мајчинството.
Вели дека мајчинството ја научило на беконечната и безусловната љубов, но и дека љубовта е невозможна без слободата да се греши.
На една фотографија од нејзиниот син таа напиша во каков човек сака тој да израсне во иднина.

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

„Алекс (четири) и Владимир (четириесет и…) Vladimir Martinovski – тандем за планина. Две бели души во белина. Со маж ми се согласивме – кога ќе порасне Алекс сакаме да биде ко Влатко – да слуша добра музика, да го собере сето знаење на светот, да ги сака книгите, а да ужива во природата. Да создава прекрасни средби и спомени со луѓето, а да знае да биде сам и свој. Да биде топол и љубезен, љубопитен и нескротлив… да биде голем, а скромен. Да стреми кон возбудливи духовни врвови! И често да се смее, дури и кога е уморен“, напиша Јовковска во опис на фотографијата.

Велат најтешко е да се пишуваат книги за деца, но Јовкоска одлучи да го проба и тоа, а мотивацијата ја добила од својот 4-годишен син. Така настанала книгата „До небото и назад“.
„Неколку пати одбивав да пишувам за деца. Не бев сигурна дали ќе бидам добра во обраќањето до најмалите и најискрените, во јазикот кој е разголен, непретенциозен и кој бара суштина, наместо „нафракани“ литерарни перја. Но, откако станав мајка станав посвесна колку ни недостига квалитетна детска литература. Зборувајте ми за образование, за култура, за здрав детски развој… Има, но не доволно. Тоа ме мотивираше конечно да ја прифатам понудата да напишам книгичка за деца.
Важно ми беше да пратам пораки во кои верувам!

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Во еден момент ги затворив очите и пишував како да му се обраќам на моето дете… Поискрено здравје. Приказната е готова. Ракописот го натопив со идеали кои не би сакала на децата да им се скршат, но малку брцнав и во грубата реалност… Детските емоции се виножито што се разложува само со искреност. Насловот го „украдов“ од моето четиригодишно дете кое ми вели: Мама, те сакам до небото и назад. Затоа, не случајно книгичката ќе се вика „До небото и назад“.
Денес ја добив оваа прекрасна илустрација од Иванка Ниба. Комбинацијата на жена авторка (јас) и жена илустраторка (Иванка Ниба) ѝ дава посебен шмек на една книгичка во која главниот лик е момче. Едвај чекам да ги видам и другите илустрации. Книгата ќе се публикува во текот на годинава како дел од Едиција Светулка, а дотогаш јас ќе се радувам дека „се пробав“ и во еден поинаков книжевен жанр“, напиша Јовковска на Фејсбук.

 

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Министерството за култура, пред три дена на својата веб страница ги објави резултати од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година. Иако Јовковска аплицирала за државна помош со својата „До небото и назад“, сепак била одбиена. По тој повод на Фејсбук напиша:

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

„Се разочарав кога издавачите од Едиција Светулка ми јавија дека мојата книгичка за деца со која аплицираа на конкурсот на Министерство за култура НЕ е одобрена. Сепак, книгата ќе ја издадеме и без тие средства. После само половина час ми стигна прекрасно изненадување кое ме потсети дека не треба долго да се заглавуваме во состојба на очај и дека животот секогаш наоѓа начин. Добив подарок – рачно сплетена алка, изработена од девојка со Даунов синдром. На картичката пишува „Незапирлива“. Ми дојдоа солзи од радост. Овој мал гест, изработен со голема љубов стигна од социјалното претпријатие „Еснаф“. Тоа е продавничка за рачни изработки на производи од лица од ранливи категории.

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

На картичката пишува: „Драга Ана, заедно со занаетчиките, би сакале да ви одадеме признание за вашата работа и тоа што го правите за сите нас жените. Оваа алка е дел од иницијативата ,,Незапирлива” со која наскоро започнуваат да раскажуваат за жените кои се наоѓаат во различни борби и состојби, но тоа не ги запира да продолжат!
Да ги поддржиме жените со попречености и ранливи категории и да ја подигнеме свеста за купување на рачни изработки од локални занаетчии! Фала ви прекрасни! Со мерак ќе си ја носам“, напиша авторката.

ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук
ФОТО: Ана Јовковска / Фејсбук

Поврзано

Back to top button