Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Брижит Бардо ги спакува куферите- преку глава и е од злобни луѓе, брои денови до своето заминување

Реклама

Екс-водителката е често активна на социјалните мрежи, а сега откри интересни детали за себе.

Мелита Ракичевиќ во последно време често одговара на прашања од своите фанови на Инстаграм па така и сега, но овојпат откри дека планира да ги спакува куферите и да си замине од Македонија.

Маркетинг

„Бројам денови да си одам од Македонија. Не сум среќна во опкружување каде што владее злоба, завист, болни мажи, лажни пријателства, се е без смисла“ напиша Мелита.

Сепак не беше само тоа што Мелита откри за себе. Таа ја потврди и информацијата дека има сериозна понуда и за брак.

Маркетинг
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм

Мелита зад себе веќе има еден брак од која има и ќерка.

Нејзината наследничка Барбара која на јавноста и е позната како водителка на „Бекстејџ“

ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм

Младата Барбара својата убавина ја наследила од својата мајка а неодамна тие двете заедно заминаа во Маврово, па се одмараа на планина и покрај базен.

ФОТО: Барбара Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Барбара Ракичевиќ/Инстаграм

Македонската Брижит Бардо редовно објавува слики од своите патувања на социјалните мрежи, а покрај тоа што привлекува внимание со начинот на којшто позира, оваа мама тоа го прави и со интересните модни комбинации.
Мелита секогаш е уникатна и има што да покаже иако понекогаш ја критикуваат и за лош фотошоп.

ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм

Мелита по бракот со поранешниот сопругот Соме Ракичевиќ си ја отвори душата за магазинот „Бекстејџ“ каде откри и детали поврзани со нејзината бурна љубовна врска со младиот битолчанец Виктор.

ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм

„Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред. Со Соме останавме пријатели, и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер“, откри Мелита за Бекстејџ.

Додека пак тогаш за Виктор рече дека е љубовта на нејзиниот живот.

„Јас сум среќна што на овие мои години успеав да доживеам таква љубов. Јас сакам филмски работи, а нашата љубовна приказна беше баш таква. Голем дел од медиумите пласираа невистини за нашиот однос, па дури одеа дотаму и пишуваа дека ме оставил затоа што сум му ги потрошила сите пари. Тоа е лага, заедно потрошивме се, пропадна и мојот бизнис исто како и неговиот затоа што многу се занесовме и бевме 24/7 посветени еден на друг, а сè друго ставивме во втор план“, додаде поранешната водителка.

ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм

Па со оглед дека сега водителката има сериозна понуда за брак очигледно е дека верува во љубовта.

ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм
ФОТО: Мелита Ракичевиќ/Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button