Македонската Бијонсе ја покажа својата долна облека во црн, потполно проѕирен фустан
Не престанува да не воодушевува
Многумина заклучија дека пејачката Антониа Гиговска во ова провокативно издание потсетува на една од најголемите светски музички ѕвезди.
И тука секако дека не мислиме на беспрекорниот глас на пејачката за кој немаме дилема дека е еден од најдобрите во регионот, па и пошироко, туку на провокативниот стил кој Гиговска одлично го носи.
Имено, таа позираше во кошула- фустан кој е потполно транспарентен во долниот дел па така во преден план се нејзините црни гаќички преку кои носи мрежести хулахопки кои одлично се вклопија со рокерските чизми.
Со ова провокативно „all-black“ издание нашата пејачка собра голем број лајкови и комплименти на сметка на нејзиниот изглед на социјалните мрежи.
Ако на ова го додадеме и тоа што Гиговска фустанот го носеше потполно раскопчан и под него и ѕиркаше градникот, можеме само да заклучиме дека на младата пејачка воопшто не и е гајле што сите можат да ја видат нејзината долна облека, но и дека знае како да ја покаже својата дива страна.
Впрочем како и легендарната американска пејачка Бијонсе која не ретко носи слични оскудни модни парчиња во кои изгледа како дефиниција за сексапил.
Во продолжение погледнете уште неколку шик и интересни модни комбинации на Гиговска од нејзиниот Инстаграм, а за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.
Па, дали ви се допаѓа стилот на Гиговска?