Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Бијонсе ја воодушеви хрватската публика

Реклама

Започна новото шоу во Хрватска „Ѕвезди – летен“ хит на кое се појави и натпреварувачка од Македонија.

Во прашање е Лина Пејовска (16) која ги воодушеви претставниците на жирито со својата изведба на евровизискиот хит „My Number One“ од Елена Папаризоу. Лина е од Скопје, а своите обработки на музички хитови ги поставува на Јутјуб, од кои некои се прегледани и преку два милиони пати.

Маркетинг

Гледачите беа воодушевени од нејзиниот настап, а во хрватските медиуми го доби прекарот „Македонската Бијонсе“.

Лина на ова шоу се пријави бидејќи сака да се натпреварува и смета дека тоа е добра промоција нејзиниот глас да се слушне што подалеку. Таа целосно е посветена да стане популарна пејачка, а нејзината песна „Ако ме сакаш“ стана апсолутен хит на Јутјуб и достигна преку 1 милион прегледи.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BxDnlLvlpOI/

 

Пред два месеци го промовираше и новиот видео запис „Соврешен пар“ кој за многу кратко време достигна над 700 илјади прегледи.

 

Поврзано

Back to top button