Годините се само бројка за Натали.
Некогашната манекенка Натали Грубовиќ со голема популарност се стекна као водителка на Бинго, заедно со Игор Џамбазов.
ФОТО: Принтскрин
Некогаш младата убавица денес е успешна и изреализирана жена, која плени со својата убавина.
Натали отсекогаш важела за една од најубавите жени во Македонија, а истото за неа може да се каже и денес.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Заедно со нејзиниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушец, со кој е во брак од 2016 година и нивната ќеркичка која го носи нејзиното име, Натали, живее во Нови Сад, Србија.
Кога станува збор за вистинска љубов не постојат граници и човек е подготвен да остави сѐ и ако треба да замине на крај на светот.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Натали иако имаше доста успешна кариера во Македонија, одлучи да ги напушти ТВ екраните и целосно да се посвети на семејството.
За да ги избегнат високите температури во јули тие заминаа на одмор во Црна Гора.
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ
Семејството уживаше во популарното летувалиште Порто Монтенегро.
Натали сподели нивни заеднички фотографии на Инстаграм иако многу ретко споделува фотографии од приватниот живот.
Погледнете: