Македонка стана дел од вечниот хит: Која е Милена од култната песна на Нови фосили (ВИДЕО)
Фронтменот на Нови фосили, Рајко Дујмиќ неодамна го загуби животот од последиците на тешка сообраќајна несреќа во Хрватска зад себе остави плодна кариера, полна со хитови.
Меѓу незаборавните хитови на групата Нови Фосили за кои музиката ја напиша токму Рајко Дујмиќ, е и Милена.
Вистинската Милена која го инспирирала за тој хит, верувале или не, е медицинска сестра од Неготино.
„Тоа беше ветена песна. Милена е мајка на две деца и приказната е многу лична. Тоа всушност е приказна за сите медицински сестри’, откри Рајко Дујмиќ неколку години подоцна.
Потоа ги даде и другите детали за девојката која ја овековечи во најубавата љубовна песна на оваа група.
„Милена денеска е мажена и има две деца. Таа е Македонка од Неготино, на Вардар. Се запознавме во Херцег Нови и само Господ знае што сме разговарале и договарале за до три часот наутро. Тогаш ја испратив до собата и пред врата ѝ велам – ти ќе завршиш во песна. Таа мене ми вели – така им зборуваш на сите девојки. И велам – ќе видиш. Не отидов во нејзината соба, се завртев и заминав“, рече Рајко.
https://www.youtube.com/watch?v=jSouEC8BFuI&feature=emb_logo
„Всушност таа песна им е посветена на медицинските сестри. Тоа е животот на една медицинска сестра од провинција која дошла во градот и има изнајмена соба. Животот ѝ е во смени – дневна и ноќна. Никогаш нема сериозна врска со дечко“, додаде тој.
Во една прилика јавно ја коментираше песната.
„Излезе навистина добра песни, која сите ја слушаат и многу ми е драго поради тоа“, рече тогаш.