Македонка со природна убавина што остава без здив – многумина ќе се стопат од ова нејзино издание
Младата пејачка е најсреќна кога убавите сончеви денови ги минува со најблиските и со она чувство на љубов што го чувствува околу себе.
Барбара ги воодушеви своите фанови
Ќерката на Мелита Ракичевиќ, Барбара Ракичевиќ, ги воодушеви своите фанови со една своја стара фотографија.
Имено, таа се потсети на летните денови кои очигледно многу и недостигаат, а фотографијата на која носи костим за капење во боја која неодоливо добро и стои на исончаното тело ги воодушеви сите.
Младата пејачка која едно време успешно пловеше и во водителските води со ова свое издание ги потсети своите обожаватели на топлите месеци, но и колку добро изгледа во едно вакво издание.
Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Инаку, на нејзиниот профил на Инстаграм се уште стојат нејзините бикини фотки од ова лето за кои мораме да признаеме дека се полн погодок. Таа едноставно блеска на секоја од нив, а нејзината природна убавина и неодолив поглед никого не остава рамнодушен.
Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Потсетуваме, Барбара е ќерка на Мелита Ракичевиќ, а од пред неколку години ја започна својата сега веќе успешна музичка кариера.
Таа паралелно студира и на факултетот за Туризам и менаџмент и како што самата неодамна изјави за Гламур магазин, апсолутно не и преставува никаков проблем да ја координира кариерата со факултетот и успева да постигне сé.
Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Сепак, Барбара за следната година планира повеќе своја музика, а признава и дека е најсреќна кога убавите сончеви денови ги минува со најблиските и она чувство на љубов што го чувствува околу себе.
Едноставно во тие моменти таа заборава на сé, а што се друго ни откри оваа прекрасна млада дама, откријте тука…