Македонка со песна од Проески го расплака жирито – сеќавањата на нашиот ангел го преплавија Гранд
Ова беше една од нејзините најдобри изведби досега, но и прва на оваа песна од незаборавниот Тоше...
Песна што ги воодушеви сите
Билјана Зероска од Македонија на сцената во „Никогаш не е доцна“ настапи со песната „Тајно моја“ од Тоше Проески.
Цело студио остана без здив додека Билјана ги пееше познатите стихови од легендарниот македонски пејач.
Билјана има 52 години и веќе одамна живее и работи во Лондон, а по потекло е од Прилеп, а како што самата изјави во една од претходните емисии, во шоуто се пријавила за да ја исполни желбата на својата покојна мајка за која вели дека заминала кај ангелите. Таа по професија е фармацевтка и денес води синџир аптеки во Британија, а како дете има настапувано на различни фестивали во пеење и фолклор, и има завршено музичко школо отсек клавир.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
По нејзиниот настап, Кики Лесендриќ со „кнедла во грлото“ се присети на времето кога соработувал со Тоше.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Тоше навистина го сакав. Работевме заедно и за жал замина пред да ја завршиме песната. Ти супер пееше, ти благодарам за тоа“, изјави тој.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
И на Саша Милошевиќ Маре му се вратија спомени за Проески, а потоа ја пофали Билјана за храброста што ја избра оваа песна.
„Тој беше вистински ангел со таквиот глас. Жал ми е што немаше прилика да се прошири на цела Европа, бидејќи сум сигурен дека тоа би бил првиот човек од овие простори што би направил светска кариера. Билјана, мислам дека ва е прва изведба на оваа песна тука, многу е тешка. Ти честитам за храброста, ова беше голем залак“, го истакна своето мислење Маре.
Потсетуваме, Билјана е Македонка од Прилеп која со своите настапи ги воодушеви сите во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Како што самата изјави во една од претходните емисии, во шоуто се пријавила за да ја испочитува големата желба на својата мајка.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Тоа беше желба на мојата почината мајка која не ја пропушташе оваа емисија и кога запеав во време на корона со еден хит на Фејсбук таа ми кажа дека ќе ме пријави, но таа потоа почина, замина кај ангелите, па ме пријавија ќерките“, изјави Билјана тогаш.
„Чувствувам дека е со мене и страшни се емоциите, чувствувам дека ми е поддршка“, заклучи Билјана тогаш за „Гранд“.