Македонка која ќе ве насмее, но и ќе ве остави без здив – нејзиниот природен шарм ќе ви го разубави денот
Еве како вежба во хеланки и боди најубавата македонска стендап комичарка
Нашата позната писателка и стендап комичарка Ивана Наскова постојано добива комплименти и за својот изглед.
Синооката убавица овој пат објави неколку фотографии и покажа како напорно тренира и повторно ги воодушеви сите.
Ивана на својот Инстаграм објави снимка на која се гледа како трча на подвижна лента за трчање, облечена во хеланки и кроп-топ, истакнувајќи го во центарот на вниманието нејзиното беспрекорно тело.
Таа напорно тренира, така што е во топ форма, што може да се види и од нејзините фотки во костим за капење.
Води здрав живот, пие многу течности и редовно трча, и благодарение на овие навики Ивана се чувствува енергично, среќно и релаксирано.
Таа пред неколку дена се врати од одмор, од каде исто така објави неколку фотографии за кои доби само пофални зборови.
Инаку, Ивана вечерва, на 4 јули, во Макка Бар ќе го има својот последен стендап настап за оваа сезона со „Кога ќе се мажиш“.
Како што самата најави на социјалните мрежи, доволно е одморена и спремна за уште една добра и незаборавна ноќ, па сите оние што се заинтересирани и што сакаат вечерва убаво да си поминат, наша препорака е навреме да си резервираат билети.
Повеќе информации побарајте на нејзиниот профил или директно на телефонот за резервации што го има на флаерот.
Погледнете уште неколку фотки на оваа наша убавица…
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова