Македонка која со својот глас го освојува Балканот – звучи неверојатно на сцената, изгледа уште поубаво
Позитивните коментари не престануваат да се нижат

По победата реши да продолжи со музичката кариера
Младата пејачка од Струмица, Славица Ангелова (20), се прослави со победата во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа со својот неверојатен талент ја освои публиката, а како награда што победи во шоуто покрај автомобилот што го доби, таа деновиве ја промовираше и најновата песна со која сите ги воодушеви.
Песната беше промовирана во првата емисија од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ кога Славица со својот шарм ги освои сите.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Песната веќе е голем хит, а Славица која што со емоции ја изведе на сцената за неа доби голем број позитивни коментари.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но покрај нејзиниот неверојатен талент она што сите го забележаа е дека оваа млада дама по триумфот во шоуто се враќа со полн сјај.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Полна со самодоверба пејачката се врати на сцената и на новите предизвици, а новиот изглед со кој што се претстави изгледа неодоливо.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзиниот Инстаграм профил каде речиси секојдневно објавува по некоја фотка.
И без разлика дали е дотерана од глава до пети и спремна за на сцена или во прашање се секојдневни изданија без шминка и Фотошоп, Славица едноставно си блеска, а позитивните коментари не престануваат да се нижат под секоја од овие нејзини фотки на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа со својот нов изглед го најави и својот нов хит „Ружи и крв“ во која Славица со неверојатни емоции пее за љубовта и страста. Песната е подеднакво неодолива како на оние што слушаат поп, така и за љубителите на народна музика бидејќи шармантната пејачка со својот феноменален глас навистина блика со емоции.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Славица со ова покажа дека дефинитивно е пејачка пред која е блескава кариера и дека поседува неверојатен талент.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Нејзината песна е само уште еден доказ за сето тоа, а како таа звучеше на големата сцена, потсетете се на крајот од текстот…