Македонка во својата шеста деценија ги pacпамети сите во „Гранд“, ПОПУЛАРНИОТ ВОДИТЕЛ во тешки маки заради неа!
Скопјанката Соња Манасиевска Конеска има 57 години и по занимање е хемиски техничар.
Натпреварувачката од Македонија со пеење се занимава од мали нозе, а своевремено има снимано аудио касета, пишува поезија и има издадено неколку книги.
Таа во првиот круг во музичката емисија „Никогаш не е доцна“ ги изненади сите со својот необичен и интересен стил, а тоа го покажа и вчера, кога во последната емисија од познатото шоу се појави во гламурозен црн фустан со кој посебно го изненади познатиот водител Жика Јакшиќ.
„Полено е да се соблече отколку да се облече овој фустан“, се пошегува Соња со Жика, на што тој и одговори:
„Леле, што ми правиш!“
„Овој фустан го имам носено и во спотот за својата песна ‘Авантура за една ноќ’. Се работи за средниот век, а во средниот век имаше многу еротика (смеење) – му објасни во шега Манасиевска.
Таа во ревијалниот дел настапи со еден колега од Брисел, исто така Македонец, кој се вика Мухамед Али.
Мојот пријател Мухи изворно ја пее песната која што ја има препеано Саша Матиќ и ја знаете како песната „Маскара“.
„Песната е снимена на ромски јазик и можеме и сега да ја слушнеме“, го најави Жика пејачот од Македонија со кого и тој се познава долги години и кој настапи во придружба со оркестарот на Аце Софронијевиќ.
Тој потоа и се придружи на колешката и заедно ја испеаја песната „Калино мори“ и ги воодушевија сите.
Инаку, Софија живее во Скопје и работи во Нафтената индустрија како хемиски техничар.
Таа во 80-тите кратко пеела и настапувала низ хотелите во Македонија, но во еден момент одлучила да престане и да му се посвети на своето семејство.
Денес пишува песни за други пејачи, аи ма објавено и неколку книги поезија и омилено хоби и е бриџ.
„Немам пороци и никогаш не сум ги ни имала. Немам ни дефиниција за среќа, не сум јас толку среќна колку што изгледам. Секогаш сум била феникс и не жалам за ништо во животот и сметам дека никогаш не е доцна“, истакна во претходната емисија Соња кога беше дочекана со овации.
„Не станав кралица, но не морам ни магарица. Но затоа сум препознатлива и своја. Не сум кралица, но вечерва сум македонско девојче од 57 години“, се пошегува таа тогаш, а сите од екипата и посакаа добредојде во шоуто, по што таа призна дека во Гранд сепак се чувствува како кралица.
Бонус галерија
Пејачката од Македонија испадна од Ѕвездите во Гранд
Младата македонска пејачка Љупка Арсовска не успеа да се пласира во следниот круг од Ѕвездите на Гранд.
Таа во последната емисија освои гласови со кои замина во бараж, но Саша Поповиќ не ја избра за следниот круг.
Како што изјави тој, постои шанса по завршување на петтиот круг, откако ќе ги изгледаат сите епизоди, некој од натпреварувачите можеби ќе биде вратен.
Дали Љупка ќе ја има таа среќа, останува да видиме…
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд