Реклама
Наши ѕвезди

Македонката што се прослави во „Гранд ѕвезди“ конечно откри како ќе се вика нејзиниот син – НИКОГАШ не би претпоставиле …

Реклама

Додека го минуваат времето во самоизолација, Елена и Гуте смислија нешто интересно за своите фанови.

Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм

Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ осмислија квиз за сите нивни обожаватели на социјалните мрежи.

Имено, брачниот пар од „Ѕвездите на Гранд“ ги замолија своите следбеници на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ да претпостават како ќе биде името на нивниот син. Тие преку пораки добија стотици одговори, но малкумина успеаја да го погодат вистинското име.

Маркетинг

Гуте реши да стави крај на оваа неизвесност и конечно да објави како ќе се нарече малиот Маринковиќ.

Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм

„Вчера бевте многу имагинативни, добив повеќе од 600 ваши одговори со различни имиња. Имаше многу точни имиња, не ви одговорив затоа што решивме да го откриеме името на нашето бебе со оваа фотографија. Максим Маринковиќ, како ви звучи“, напиша идниот татко под една од фотографиите.

Маркетинг
Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм

Наследникот на Маринковиќ треба да пристигне на почетокот на јуни кога Елена треба да се породи.

Инаку Елена и Гуте Маринковиќ се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“ и набргу меѓу нив се роди љубов.

Елена и Александар се зближија во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи и двајцата беа кај иста менторка – пејачката Ана Бекута и одеа на заеднички часови по пеење. По завршувањето на музичкото шоу тие започнаа љубовна романса, а Гуте по некое време ја побара Елена за сопруга, и тоа на нејзиниот роденден. Имено, таа наместо роденденски подарок доби свршенички прстен и брачна понуда која едноставно не можеше да ја одбие. Оваа вест тогаш ги изненади нивните фанови, а потоа тие преку социјалните мрежи објавија и дека во 2020 ќе се остварат и во улога на родители.

Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм
Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм
Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм
Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм
Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм
Фото: Елена и Гуте/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button