Македонката реши да го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“ – фановите изненадени најмногу!
Елена Миленковска ги напушти Ѕвездите на Гранд, а нејзините зборови расплакаа многумина на социјалните мрежи.
Скопјанката Елена Миленковска (25) која во шоуто Ѕвездите на Гранд се запозна, а потоа и вљуби во својот колега Александар Маринковиќ Гуте (28), непосредно пред новогодишните празници објави дека е бремена. Таа со преубави фотографии му го честиташе роденденот на саканиот, но и на фановите прв пат им објави дека наскоро ќе се оствари во улога на мајка. Но заради тоа што е во блажена состојба, таа реши да го напушти натпреварот, па по тој повод го напиша следново:
„Започна првата емисија на вториот круг во Гранд ѕвезди и сакам јавно да се изјаснам за моето понатамошно натпреварување. Толку пораки ми стигнаа од сите вас со прашање дали ќе се придружам во натпреварот. Извинете што не можев да им одговорам на многумина, едноставно животот ми се промени и заради идниот мал член на семејството Маринковиќ имаме премногу обврски“ – напиша шармантната Елена на Инстаграм.
Оваа година тука се завршува мојот натпревар. Пред мене се денови кои засекогаш ќе ги памтам и силно верувам дека се е онака како што треба да биде. Среќна сум за се што доживувам и одвај чекам да се остварам во улога на мајка бидејќи сметам дека тоа е најдобриот дар. Следната година ќе се дружиме повторно во новата сезона со нови сили. Затоа очекувајте многу од мене и од мојот господин Гуте. Ви благодарам за поддршката и толкавата љубов која постојано ми ја испраќате. Исто така, ви благодарам на сите мои фанови. Бескрајно сум ви благодарна. Ве сакам“, порача пејачката на Инстаграм.
Инаку, нејзин ментор во натпреварот беше Ѓорѓе Давид, а како ќе реагира на оваа вест останува да видиме.
Инаку, Елена и Гуте се зближија во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи и двајцата беа кај иста менторка – пејачката Ана Бекута и одеа на заеднички часови по пеење. По завршувањето на музичкото шоу тие започнаа љубовна романса, а Гуте по некое време ја побара Елена за сопруга, и тоа на нејзиниот роденден. Имено, таа наместо роденденски подарок доби свршенички прстен и брачна понуда која едноставно не можеше да ја одбие. Оваа вест тогаш ги изненади нивните фанови, а неодамна преку социјалните мрежи објавија дека во 2020 ќе се остварат и во улога на родители.
„За својот 27 роденден посакав тортата со број 28 да не ја дувам сам. Универзумот ме послуша и покрај тоа што те испрати тебе Елена, ми прати и мало чудо кое има 300 грама. Многу сум среќен што во оваа 2020 ќе станам татко“ – ги воодушеви пеачот со својата порака фановите.