Македонката плачеше пред финалето, но и покрај ЕМОТИВНИОТ БРОДОЛОМ успеа да победи (фото)
Славица цело време беше возбудена, а нејзиниот ментор пред самиот натпревар откри дека имала емотивен бродолом и дека плачела пред настапот, но за тоа по победата не сакаше да зборува...
Ова беше голем шок за неа, не очекуваше дека ќе победи…
Македонката Славица Ангелова победи во најгледаното музичко шоу на овие простори „Ѕвездите на Гранд“.
Славица има 20 години и живее во Струмица, а својата музичка кариера ја започна пред 6 години во некои нови клинци.
Таа паралелно со својата музика кариера максимално е посветена и на своите студии, бидејќи студира тежок факултет.
Имено, Славица е студентка на медицинскиот факултет, а во слободното време најмногу сака да патува низ светот.
Како што самата вели за себе, по природа е амбициозна и опуштена, но понекогаш знае да биде и поприлично тврдоглава.
За време на натпреварот нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид неколку пати реагираше затоа што таа некои работи што претходно ги договориле знаела да ги промени во последен момент на своја рака, заради што редовно беше во баражот, од каде што всушност и се пласираше во големото финале.
Таа за време на натпреварот привлекуваше внимание и со своите модни изданија, кои најчесто беа елегантни и сведени.
Но на нејзиниот профил постојат фотографии на кои е во костим за капење кои што сега се најдоа во центарот на вниманието.
Имено, многу портали од регионот објавија нејзини фотографии од Инстаграм и покажаа како изгледа во приватниот живот, бидејќи по победата младата пејачка е во фокусот на публиката која е љубопитна и сака да дознае што повеќе за неа.
Но во моментот кога новинарите се обидуваа да извлечат повеќе детали од нејзиниот приватен живот, нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид веднаш скокна и го прекина интервјуто, па пред претставниците на седмата сила објасни зошто Славица треба интимата да ја зачува само за себе.
Имено, нејзиниот ментор во една пригода напомена дека таа имала емотивни проблеми, па сега не дозволи да ја прашуваат за тоа.
На прашањето на новинарите дали е вљубена, Славица само збунето изреагира, по што се вмеша нејзиниот ментор и им порача на медиумските екипи дека таа не сака да зборува за тоа и да ѝ постават некое друго прашање.
„Нема, нема сега да зборуваме за тоа, бидејќи тоа се ногу интимни работи. Нека ужива во оваа убавина. Тоа се работи за мене и неа“, го прекина прашањето познатиот рокер па го додаде и следново:
„Нема да зборуваме за приватниот живот. Славица и јас имаме договор со мојот бенд да почне да прави концерти. Тоа нема врска со нејзината победа. Имав разбирање за неа не само затоа што е од Македонија. Таа студира многу сериозно. Пропушти три проби вкупно заради предавања. Ретка е. Таа се труди сé да направи во животот. Не е свесна што значи оваа победа за неа. Ќе мора многу да работи на себе. Славица студира медицина“, гордо истакна менторот на младата пејачка која не можеше да одлучи со што ќе се занимава во иднина – со медицина или со својата музичка карира.
Како звучеше интервјуто на победничката во „Ѕвездите на Гранд“ погледнете детално во продолжение:
Бонус галерија
Сите изданија на Славица во „Ѕвездите на Гранд“
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова