Реклама
Наши ѕвезди

Македонката направи хаос со песна од Неда Украден – повторно е вљубена, се плаши да не ја остават

Натпреварувачката го измени текстот, па му се пожали на водителот: „Ќе ме остави момчето, таман го најдов“

Реклама

Ана Трајковска (42) повторно ги воодушеви сите со својот настап во музичкото шоу за ветерани „Никогаш не е доцна“.

Ана со музика се занимава долго време, но по смртта на нејзиниот татко паѓа во депресија, па долго време не настапувала.

„Последните три години откако го изгубив татко ми, паднав во депресија, иако луѓето и понатаму ме бараат, не можев“, изјави таа.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Таа во последната емисија настапи со песната „Што ти нисам сина родила“ од Неда Украден, а по настапот настана хаос.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Имено, Ана претходно откри дека нема среќа во љубовта, па песната што ја изведе го инспирираше Жика Јакшиќ.

Тој во шега го коментираше тоа што Ана малку го изменила оригиналниот текст, и тоа затоа што, како што самата откри, повторно била вљубена.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

„Песната зборува дека жената има се, но и дека и е жал што не му родила син, па драги гледачи, јасна порака, не може и јаре и пари, џабе после кукаш. Ова што го пееше некој ќе го гледа и ќе сфати сигурно“, се пошегува водителот, по што Ана веднаш одговори:

„Нека сфати и нека плаче. Но нема сега за тоа да зборуваме. Ќе ме остави ова идното момче Жика, таман го најдов“, се пошегува и таа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Потоа претставниците на жирито го коментираа нејзиниот настап и сите беа согласни дека заслужува да оди понатаму.

Ана во ревијалниот дел од емисијата настапи со својата сестра Лидија со која што ја отпеаја песната „Ај да бегаме, мори Васе“.

Потсетуваме, Ана во претходниот круг откри дека со музика се занимава долго време, скоро цели три децении.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Но пред три години направила пауза бидејќи починал нејзиниот татко, па сега решила да продолжи и тоа на овој начин.

„Никогаш не е доцна за љубов, да биде човек добар во душата и да ги оствари желбите“, истакна Ана тогаш по емисијата.

Како Ана Трајковска од Охрид звучеше на својот последен настап, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button