Македонката има големи шанси да победи во „Ѕвездите на Гранд“ – растури и во третиот круг, доби огромен аплауз
Голема неизвесност во студиото на Гранд, останаа уште само четворица натпреварувачи
Вечерва е големото финале на шеснаесеттата сезона на најгледаниот музички натпревар на Балканот „Ѕвездите на Гранд“.
Финалето го започнаа седумнаесет натпреварувачи, а по вториот пресек меѓу најдобрите остана и Славица Ангелова од Македонија.
Откако беше направен вториот пресек, на сцената излезе Саша Поповиќ и ги соопшти гласовите пред публиката.
Инаку, Славица беше првата натпреварувачка на која Поповиќ и кажа дека поминува во следниот круг.
Таа за оваа пригода избра мал црн фустан кој го носеше со црни ракавици и коса врзана во висока пунџа.
Како таа изгледаше, погледнете во продолжение:
Потсетуваме, во вториот круг јуначки се бореа осум финалисти, од кои само четворица продолжија во следниот круг.
Покрај пејачката од Македонија тоа се и Драган Ѓуриќ, Семир Џанковиќ и Маја Јевтиќ.