Македонката буквално растури во „Ѕвездите на Гранд“ – публиката воодушевена, Цеца пресреќна
Ова беше моментот што многумина го чекаа
Браво Славице, пееш како змеј, и порачуваат фановите
Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Македонката Славица Ангелова премиерно ја изведе својата песна која е дел од наградата што ја доби за освоеното прво место во најпопуларното шоу на Балканот
Песната се вика „Руже и крв“, а нејзината изведба на грандиозната сцена пред милионската публика никого не остави рамнодушен.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Песната за само неколку часови има бројни прегледи на јутјуб и доби илјадници позитивни коментари.
„Сите честитки! Текстот е неверојатен. Соодветен на твојот духовен формат. Изненадена сум. Затоа ќе биде безвременски хит, за поинтелигентната публика, се разбира.“
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
„Ова е приказната за Славица Ангелова. Нема потреба од убедливост, зашто тоа е таа приказна. Секое добро!“ пишува во еден од коментарите под видеото со кое Славица преку ноќ го свои регионот.
Како звучи Славица во новата песна, слушнете во продолжение:
И Цеца воодушевена од песната на Славица
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ објави видео на кое се гледа како го следи настапот на Славица.
Таа се снимаше во автомобилот и се пофали со неверојатниот рејтинг на емисијата, а во позадина се гледаше Славица.
„Ѕвездите на Гранд се гледаат и во автомобил“, изговори Цеца и им испрати бакнеж на своите фанови.