Според метеоролозите нема да има снег во големи количини
Првите два месеци во следната година нема да бидат посебно студени во Европа, а според метеоролозите нема да има и големи количини на снег. Освен на северниот и североисточниот дел од Европа, снегот во преостанатиот дел од стариот континент ќе паѓа во помали количини.
Подрачјето на висок притисок ќе се појави и ќе остане некое време на североисточниот дел на Пацификот. Тоа е важно за временските прилики во Европа, бидејќи на ова подрачје се работи за фактор кој го поддржува ширењето на студениот воздух од Канада во САД. .
Најчесто тоа има за последица помал воздушен притисок на северот на Атлантикот што допринесува за поблаги временски прилики во земјите во Европа. Од тие причини стариот континент го очекува многу поблага зима – имено, според метеоролозите, нискиот притисок на северот на Атлантикот овозможува во Европа да има поблага зима.
Во Македонија во јануари средната минимална температура на воздухот ќе има вредност нешто над повеќегодишниот просек. Така ќе биде и во февруари, а месечното количество на врнежи за овие два месеци се очекува да биде во границите на просекот со нешто помали вредности.
Времето за недела, според УХМР
Времето денес
Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер.
Слично променливо облачно и студено со локален снег на повисоките места и на планините не очекува и во недела. Услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места, а ќе дува умерен, повремено силен северен ветер, објави Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Од понеделник следува период на стабилно и посончево време со умерен северен ветер и ниски утрински температури.