Вести

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА – Почина познатата актерка!

Advertisement

По кратко боледување, на 83-годишна возраст, почина македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ.

Таа има остварено голем број впечатливи улоги на сцените на македонските театри.

Advertisement

Радмиловиќ е родена во Кочани, а најголем дел од кариерата работеше во Битолскиот народен театар каде што долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот.

Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри:во Кочани, Струмица, Штип и Куманово, а најголемиот дел од кариерата работела во Битолскиот театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот.

Радмановиќ остварила десетина улоги на филм, посебно беше активна по пензионирањето.

Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во филмовите на Милчо Манчевски, во „Сенки“, „Мајки“ и „Врба“, „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“, како и во „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, „Џипски меџик“ и „До балчак“ на Столе Попов, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Година на мајмунот“ на Блажевски, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска.

Радмановиќ, која го посвети работиниот век на Битолскиот театар, зад себе остави впечатливи улоги во филмовите ,,Мајки”, ,,Пред дождот”, ,,Панкот не е мртов”, ,,Сенки”, ,,Врба”, Прашина”, ,,До балчак”, ,,Трето полувреме”, ,,Големата вода” и многу други.

Освен за домашните режисери, таа беше интересен лик и за популарниот босански режисер Емир Кустурица, кој ја ангажираше во неговиот филм ,,На млечниот пат”.

Филмот е од 2016 година, со филмската дива Моника Белучи и Кустурица во главните улоги, а пак Радмановиќ, која во тој период веќе беше пензионерка, ја глумеше свекрвата на Белучи.

За добиената улога во ,,На млечниот пат”, своевремено таа раскажа дека била избрана без кастинг. Се сретнале со Кустурица во неговото село Дрвенград, таму преноќила, а наредниот ден заедно заминале во Каменград.

Тој и кажал дека ги гледал нејзините филмови, имал доверба во нејзините актерски способности, па затоа по четири дена од средбата и јавил дека ја добила улогата.

Покрај неа во филмот на Кустурица глумеше и македонскиот актер Петар Мирчевски, а снимањето траеше 50 недели.

Радмановиќ починала по кратко боледување, а помеѓу нејзините колеги беше позната како ,,Мајче” поради мајчинскиот лик во филмовите.

Нека и е вечна слава!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button