Реклама
CelebrityИнтервју

„Македонија е непресушен извор на убавина, добри и чесни луѓе, непресушен извор на музички таленти“

Реклама

Балканската публика имаше можност да го запознае преку неговото успешно учество во втората сезона на талент шоуто X- Фактор, а денес веќе Давид Темелков се подготвува за неговата промоција на првиот албум која ќе се одржи на 26-ти Февруари во Скопје. Освои голем ден од женските симпатии, а денес е во официјална фрска со позната хрватска водителка. За животот во Хрватска, за љубовта и за музиката прочитајте од интервјуто во продолжение…

Тежок ли беше патот до издавање на прв албум?

Пред сé, голем поздрав до сите читателки и читатели на Гламур.мк!

Секој прав пат е тежок рекле старите, доколку сé иде лесно, велат дека сигурно си на крив пат! Се трудам да се фокусирам на сите убави нешта кои музиката ги носи сама по себе, без да обрнувам внимание на тешките моменти кои се дел од секоја професија.

Маркетинг

Мило ми е што после неколку години работа, сите тие моменти, среќни и тажни, тешки и лесни, ги држам во рака како една збирка на спомени, всушност како мој Прв Албум…

Што ќе може да слушне публиката на првиот албум на Давид, колку си ти задоволен?

На Албумот се наоѓаат 12 композиции, во кои се надевам дека ќе се пронајде секоја искрена душа, секој човек кој е воден од емоциите. Мило ми е што секоја песна на овој е пишувана по некоја моја лична животна приказна, проплетена кроз неколку музички стилови.. Нека албумот и песните говорат сами за себе, се надевам дека ќе допрат до луѓето..

Како се одлучи да ја продолжиш својата кариера во Хрватска?

Животот пишува чудни приказни, па по завршувањето на Х фактор, мојата приказна продолжи во Хрватска но и пошироко на Балканот. Првенствено ми се отворија некои врати во Хрватска, запознав соработници кои ми ги отворија вратите кон целиот Балкан, соработници со кои ми е чест да соработувам, еминентни автори како Мирослав Рус, Миро Буљан, Никша Братош итн..

Што има Хрватска, а нема Македонија?

Македонија за разлика од Хрватска единствено нема море, не би и дал предност на ниту една балканска земја пред Македонија, бидејќи Македонија е непресушен извор на убавина, добри и чесни луѓе, непресушен извор на музички таленти, нешта со кои ретко која останата земја може да се пофали..

Какви се хрватските девојки?

Весели, убави и забавни како и македонските!

Кое место често го посетуваш во Хрватска?Доколку бидеш наш водич во Хрватска, на кој места ќе не однесеш што мора да ги видиме?

Најчесто ја посетувам Истра, и доколку би бил ваш водич дефинитивно би ве прошетал низ неколку убави градови како што се Ровињ, Пула, Фажана, како и на Бриуни, познатите острови на Тито!

Што треба да поседува девојката за да го освои срцето на Давид?

Искрено срце и насмевка во која ќе се заљубувам секој ден… За среќа е потребно малку…

Ти фали ли твојот дом во Скопје?

Скопје е, и секогаш ќе биде мојот дом. Тука сум роден, тука сум пораснал, тука ми е сé.. Секако дека ми фали, многу, никогаш не сум помислил дека ќе бидам толку отсутен од дома, но музиката е таква професија која бара голема жртва и неброени патувања. Но фала му на Бога, имам прекрасна фамилија, прекрасни пријатели, па секое враќање во Скопје ми е Празник!

Што ќе беше Давид да не беше пејач?

Ух, не сум размислувал на таа можност, но сигурно нешто што би било поврзано со некоја уметност…

На што се должи твојот фит- изглед?

Секој фит изглед се темели на здрава и регулирана исхрана, како и на редовни тренинзи. Всушност се темели на здравите навики и дисциплина кои сум ги стекнал во времето кога активно се бавев со боречки вештини и фитнес!

Знае ли Давид да готви?

Морам да признаам, готвењето за мене претставува голема уметност. Сакам да си играм со вкусовите, па секое слободно време го користам да си зготвам по некој здрав оброк, но воедно и вкусен оброк! Дали знам да готвам добро, сепак треба да прашате некој кој пробал некој мој “специјалитет”!

Поврзано

Back to top button