Реклама
Вирално

Македонец со бугарски пасош бара работа во Швајцарија – ќе се ВООДУШЕВИТЕ од она што му одговори еден печалбар

Реклама

Многу наши сограѓани заминуваат во странство во потрага по подобар и подостоинствен живот.

Но за разлика од порано, тие денес можат преку интернет да се информираат детално за се што им треба во врска со тоа како да заминат во странство, а благодарение на социјалните мрежи и директно да комуницираат и да побараат совети од наши сограѓани кои веќе заминале.

Маркетинг

Па така на Фејсбук постои една група „Македонците во Швајцарија“, преку која можете да се информирате за животот во ова земја.

Таму нашите сограѓани ги споделуваат своите искуства, но и бараат совети од другите, а деновиве вниманието ни го привлече едно лице кое се обрати во оваа Фејсбук група и побара совет од станатите.

Маркетинг

Еве што напиша тој:

„Сакав да прашам дали може да се најде некаква работа во Швајцарија и колку тоа е е лесно. Имам 27 години, бугарски пасош, но не знам јазик. Порано сум работел гипс, вода, струја, плочки, реновирање, но не сум професионалец за тоа. Последните 4 години работам браварија и заварување CO2 и електрода, па би сакал да најдам нешто во Швајцарија.

Било каква работа, не е проблем, ни колку часа треба да се работи, ни колку е напорна работата, само кај искрени и поштени луѓе, ако некој знае да бара некој или му треба нека ме контактира. Ви благодарам“ напиша ова момче, кое очигледно е решено да си ја побара среќата на друго место.

По ова се јави еден наш сограѓанин кој веќе долги години работи во оваа земја, па покрај тоа што се обида во кратки црти да му одговори на прашањето, го покани и кај себе во својот дом, доколку има потреба за сместување.

Фото: Принтскрин/ Македонците во Швајцарија

Она што тој му го препорача би требало да го прочита секој што планира во идно време да замине на печалба.

Неговиот одговор го пренесуваме во целост:

„Здраво!

Добра одлука за да почнеш тука во CH! Добре дојде! Убаво е вака да ни се шири нацијата тука со цел да сме побројни па и помоќни и да бараме и уживаме права и пред се помош да си даваме!

Во поглед на тоа дека не знаеш јазик може да ти биде (мала) пречка но немој да се обесхрабруваш! Кога ќе ја увидиш потребата и со тек на време ќе го научиш! (ќе те напаѓаат многу од групата заради јазикот, и јас ќе ти кажам да голема предност е да го познаваш но не е ни грев да не го познаваш! Сепак над 80% од тие што дошле и ќе ти судат не го знаеле кога започнувале тука, а и сеуште има фрапантна бројка што иако многу години се тука и мах што знаат од јазик е – ништо!)

Фото: Принтскрин/ Македонците во Швајцарија

Имаш опција пред да дојдеш, преку интернет да најдеш за почеток хотел кој би можел на неколку месеци да престојуваш во него и да побараш договор да склучиш со цел адреса да имаш за регистрација! Или соба каде ќе можеш да се регистрираш!

Занает како занает, секогаш и од се ќе има потреба… има доста “recruter” агенции кои по нивната посета од твоја страна би можеле да најдат соодветно место за да те вработат! (биро темпорар) напрај си преведно св, нешто земи преведи препораки, дипломи некакви ако имаш (може ќе ти се најдат кога најмалко очекуваш).

Фото: Принтскрин/ Македонците во Швајцарија

Гуглај малко повеќе за животот тука, ако имаш време (и визија) во кој кантон сакаш да живееш почни нешто од нешто на youtube да си учиш лекции за јазикот!

englishforum. ch ова ти е линк од форум каде има такви кој не го знаат јазикот и форумот е обемен па ако англискиот ти е добар, топло ти го препорачувам и доста ќе ти помогне.

Фото: Принтскрин/ Македонците во Швајцарија

Не ја губи надежта, во групава има премногу ама премногу добри луѓе кој безусловно сакаат да пружат помош и верувам дека ќе ја добиеш! Доколку не со работа, барем со насоки или препораки каде да бараш!

Индустриска развиена зона околу Цирих, но пробај Лозана, Берн, Базел, Луцерн, Ст. Гален, Керзерс…. и мн мн други места/кантони па така да тука имаш обемен број на мали, средни, големи компании кои секогаш имаат потреба од работна сила… и мислам ќе упали и без јазик.

Фото: Принтскрин/ Македонците во Швајцарија

За почеток можеш ДХЛ, достава на храна, перална за коли, градежно доста има работа, во пошта исто можеш без јазик на пратки да работиш, можеш да работиш каде што има македонци по фабриките (они да прашаат кај газдата, па да ти пишат: сепак нема да изгубат ништо ако прашаат кај газдата за нов работник и да помогнат на свој да дојде и свесно да ти го сменат животниот тек и пат!) фирми за чистење, мек доналдс, старбакс, дури ако ти се верува кога сум седел во Цирих по ресторани има конобари балканци само со англиски што знаат)- за некој од наведените работи немора јазик, за ДХЛ и Пошта некој друг покомпетентен нека каже…

Магацини на Лилд, Алди, Мигрос…

Ако те носи патот накај Женева (може да преспиеш кај мене дур се снајдеш или помогнам да се снајдеш тамо… ама тоа за некој месец од сега… во Америка сум на обука, кога ќе се вратам)!

Може не помогнав многу но чисто сакав да ти дадам насоки каде и што пред да дојдеш да бараш на нет и како и што откако ќе дојдеш…

Убеден сум дека сите коментари после мојот ќе бидат КОНСТРУКТИВНИ, концизни и јасни и дека нашиот Македонец ќе се потруди да праша кај некој познат за работа за тебе или ќе ти биде понудено работа!

Во меѓувреме учи јазик, држи ја желбата на најјако, ништо не е недостижно и ти посакувам среќата, здравјето и успехот да се на твоја страна и секогаш со тебе

Извини на долг пост, ама така јас си сакам да се објаснам темелно со цел повеќе информации – појасна слика!

Фото: Принтскрин/ Македонците во Швајцарија

Секое добро и тука сме… за тоа е групава, да се насочуваме, држиме, меѓу себе помагаме! Тоа е одлика на секој чесен и добронамерен Македонец и е наша и пред се човечка вредност што ја носиме во нас!

Имај успех!“

Фото: Инстаграм

Бонус галерија

Во продолжение погледнете неколку Инстаграм фотографии од природните убавини во Швајцарија.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм
Фото: nikosiowo, djemographic, dane72, shewandersabroad, m_abushakra, switzerland_mm, czeksa_, aventouro, hebenj, vlinderlin, maik_lipp , myambertree, lightbyteag

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button