Македонец се вљубил во Албанка, сега имаат три деца – кандидатот за градоначалник отвoрено прозборе за својот мешан брак
„Било да е Божиќ или Бајрам кај нас е секогаш весело“
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево отворено прозборе за својот мешан брак.
Александар Јовановски е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, а во брак е со Линдита Лимани Јовановска која е магистер, професор по англиски јазик во О.С.У: Дрита.
Со сопругата се запознал во средното училиште каде што предавал и како што вели во интервју за „Женски магазин“ било љубов на прв поглед.
-Се запознавме во О.С.У. Мирко Милески-гимназија, во која предавав медицински предмети неколку години, а сопругата беше професор по англиски јазик. Првиот пат кога ја видов ми личеше на пеперутка, бидејќи лесно и грациозно се движеше и се однесуваше. Мислам дека беше љубов на прв поглед. Но, со оглед на предрасудите кои владеат во нашето општество, особено во нашиот мал град, ми требаше подолго време да ја освојам и убедам дека сме створени за заеднички живот, вели тој во интервјуто.
Тој во интервјуто открива дека на почетокот од нивната врска имало отпор и многумина им предвидувале несреќен крај, но се случило токму спротивното.
Двајцата биле упорни, па пред 7 години Линдита одлучила да побегне од дома и да почне да живее со него.
-Со раѓањето на првото детенце, ги нормализираме односите со семејството од сопругата, кои се врвни интелектуалци и успешни во своите полиња на дејствување, вели Александар.
Тие двајцата се горди родители на три деца, Јана (6) Живко (4) и две и пол месечната Дафина.
Александар вели дека разликите треба да се прифаќаат, а традициите да се почитуваат, па така дали е Бајрам или Божиќ секогаш е весело кога семејството се собира на куп.
Инаку љубовта кон медицината ја наследил од своите родители. Неговата мајка била спец.трансфузиолог, основач на службата за трансфузиологија во Кичево, а татко ми спец.педијатар. Како дете постојано бил на спортските терени во градот.
Во младоста мечтаел да има свој рок-бенд. Прошетал многу земји, но по завршувањето на студиите решил да живее и работи во родниот град.
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски
Фото: Фејсбук/ Александар Јовановски