Македонец роден во Америка со песна од Тоше Проески ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Момче од Скопје со песна од Тоше Проески растури во „Ѕвездите на Гранд“ - има само една мана
22 годишниот Омар Џаферовски од Скопје во „Ѕвездите на Гранд“ беше предизвикан од Даниел Кнежевиќ од Љубљана.
Омар за овој настап избра да настапи со песните Песно моја од Здравко Чолиќ и „Срце не е камен“ од Тоше Проески.
Омар кој е во тимот на Ѓорѓе за својата изведба освои шест гласови, а Марија Шерифовиќ му даде позитивна критика.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, таа му порача дека изгледа супер и дека супер се однесува на сцената, но и дека мора да изгледа поведро на сцената, бидејќи, како што изјави Шерифовиќ, има оперски израз на лицето.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потоа Саша Поповиќ го интересираше што правел во изминатиов период, од учеството во „Ѕвездите на Град“ во претходната сезона до сега, по што Омар откри дека бил во Америка, Чикаго, каде што е роден.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Таму сум роден и имам голема фамилија која што бев да ја посетам“, откри младиот пејач во „Ѕвездите на Гранд“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На крајот свој коментар даде и неговиот ментор Ѓорѓе Давид кој се обиде во 30 секунди да му го каже она најважното:
„Многу сум радосен бидејќи сакав да се вратиш оваа сезона и сето она што ти го кажаа, тоа ти го зборувам и јас веќе не знам колку години“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мора да научиш да се смееш. Што се однесува до кандидатот број еден, моето мислење е дека треба да го продолжиш овој натпревар, но тука е Бајо Паторот кој одлучува за тоа“, изјави рокерот, а Саша Поповиќ беше изненаден од неговиот коментар, па побара објаснување.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Кој е тој?“ го праша зачудено Поповиќ, а Ѓоле му објасни:
Тоа е оној што има многу пари и господари со овој циркус, а Поповиќ искоментира: „Каква будала“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Омар се натпреваруваше и во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога триумфот го однесе струмичанката Славица Ангелова.
Но младиот пејач тогаш не постигна некој позначаен успех, а за свој ментор самиот го избра рокерот Ѓорѓе Давид иако по неговиот прв настап во шоуто сите сметаа дека ќе ја избере Марија Шерифовиќ.
Фото: Инстаграм/ Омар Џаферовски
Имено, тогаш Омар во бекстејџот имаше поддршка од Огнен Здравковски, кој една сезона претходно беше во тимот на Марија.
Фото: Инстаграм/ Омар Џаферовски
И додека сите мислеа дека ќе ја избере пејачката, тој реши да го избере Ѓорѓе, по што Марија во шега коментираше:
„Блокирајте го Огнен кај мене на Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп, секаде…“ изјави Марија во шега алудирајќи на изборот на Омар.
Фото: Инстаграм/ Омар Џаферовски
Фото: Инстаграм/ Омар Џаферовски
Фото: Инстаграм/ Омар Џаферовски