Наши ѕвезди

Македонецот што не помина во „Ѕвездите на Гранд“ им недостасува на сите: Не заслужи да испадне!

Една од финалистките во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Јулија Петровиќ, изјави дека според неа уште еден пејач од Македонија требаше да остане во шоуто

Advertisement

Станува збор за пејачот кој неодамна за Гламур зборуваше искрено за тоа и каква е Цеца приватно, но откри и што се случува зад кулисите…

Младиот пејач од Македонија, Омар Џаферовски, испадна непосредно пред полуфиналето во „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Тој беше во тимот на Ѓорѓе Давид кој тогаш изјави дека тешко ќе го преживее неговото заминување од шоуто, а сега уште една натпреварувачка која се кандидираше во финалето го спомна пред камерите.

Имено, Јулија Петровиќ која привлекува внимание со својот глас, но и со модните комбинации што ги носи на сцената, во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека не би имала ништо против да сними дует со Омар Џаферовски, но и декана сите им е многу жал што испадна од шуто и смета дека тој тоа не го заслужил.

Потсетуваме, Омар Џаферовски испадна во четвртфиналето и тоа затоа што Саша Поповиќ фрлаше жреб и немаше среќа.

Advertisement

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој во претходниот круг доби повеќе гласови дури и од Мики Секуловски, но на крај среќата не беше на негова страна.

Инстаграм/ Јулија Петровиќ

Инаку, ова не му беше прв пат на Омар во Гранд, а неодамна за Гламур зборуваше за својот ментор, Ѓорѓе Давид, за кого вели дека постојано е со своите кандидати, но откри и дека посебно е воодушевен од тоа каква е приватно Светлана Цеца Ражнатовиќ.

„Ја сум воодушевен од таа жена и на начинот на кој што не бодри сите нас кои што се натпреваруваме и за време на дуелите но и зад кулисите“, изјави Џаферовски тогаш, откривајќи ни и детали од тоа што се случува зад сцената, пред и по снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Знам дека ќе звучи клише ама верувале или не оваа сезона не можам да опишам со зборови какво другарство владее зад кулисите на Гранд. Сите сме како една голема фамилија и се поддржуваме максимално. Зад сцената владее страшна позитива и јас сум првиот циркузант што ја држи таа позитивна енергија и се обидува сите да се расположени“, ни откри тогаш со насмевка Џаферовски кој покрај тоа што се занимава со музика, студира и Правен факултет, па во следниот период ќе има и повеќе време за да ги заврши студиите.

Целото интервју со Омар прочитајте го тука

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button