Македонецот што го исфрлија од Гранд ѕвезди се пофали со мускулите – позираше полугол и ги изненади своите фановите
По напорната и тешката сезона во која се соочи со сериозни проблеми, младиот пејач реши да се одмори.
Младиот македонски пејач Адам Лабунски и покрај неговите вокални способности беше исфрлен од шоуто „Гранд ѕвезди“ непријатниот настан се случи откако еден од кандидатите на Марија Шерифовиќ. Даниел Васиќ, го донел и својот татко заедно да преспие со нив во хотелската соба. Ова очигледно не му се допаднало на Лабунски, па и се обратил на нивната менторка, но наместо да го решат проблемот, ситуацијата очигледно ескалирала, по што Марија и продукцијата решија да го избркаат Лабунски од шоуто.
По ова пејачот се најде во немилост и беше критикуван на социјалните мрежи, посебно кога се разбра и за неговото однесување кон матурантот што прерано го изгуби животот, а кај кого требаше да настапи.
Имено, тој наводно не сакал да ги врати капарот откако поради несреќниот случај му бил откажан настапот.
Како и да е, искрено се надеваме дека Адам ќе пронајде вистинските зборови за да и се извини на публиката и да го објасни неговото однесување, но и дека ќе продолжи со својата кариера бидејќи навистина има голем талент. Покрај вокалните способности, може да се пофали и со одлично тело, за кое очигледно е свесен, па редовно објавува фотографии на социјалните мрежи на кои позира во костим за капење, а во преден план се неговите мускули.