Реклама
Наши ѕвезди

Македонецот направи хаoc во Ѕвездите на Гранд – Јелена Карлеуша ВООДУШЕВЕНО го следеше цело време и се топеше

Реклама

Во последниот дуел во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ микрофоните ги вкрстија Марио Арангеловски (25) од Куманово и Дамир Хоџиќ (24) од Тузла.

Фото: Ѕвездите на Гранд

Марио кој е кандидат на балканската дива Јелна Карлеуша се претстави со песните „Да шутиш“ и „Зашто правиш слона од мене“, со кои ги воодушеви сите.

Имено, тој за разлика од Дамир кој доби само еден глас, ги освои сите шест и оствари убедлива победа во дуелот.

Маркетинг

По нивните настап се огласи и жирито.

Фото: Ѕвездите на Гранд

„Марио има вроден талент за движење, добри пееше, голем напредок и јас сум горда на тој напредок“, изјави Карлеуша за својот натпреварувач.

Фото: Ѕвездите на Гранд

За разлика од позитивните реакции што ги собра Марио, Босанецот помина многу полошо и со критиките.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Инаку, Марио во една пригода во интервју за Гламур магазин изјави дека музичките натпревари воопшто не ги доживува како натпревар, па затоа и често се пријавува на истите, надевајќи се дека на тој начин ќе стекне дополнително искуство кое ќе му помогне да се афирмира како пејач.

„Немам големи очекувања, истите со себе носат и големи разочарувања кои подоцна многу лошо се одразуваат, особено кај младите луѓе кои се уште не знаат што сакаат“, вели тој за овие музички шоуа.

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Што се однесува до тоа какво е чувството кога ќе застане на сцената во студиото, тој тогаш изјави:

„Невообичаено. Не би знаел да го објаснам со зборови. Не е трема. Одговорност е, тензија, адреналин. Не знам. Генерално, до сега имав можност само два пати да застанам на таа гламурозна сцена, но, многу различно се чувствував првиот пат и сега, во вториот круг. Првиот пат не знаев што ме очекува, иако претходно, во текот на генералната проба пред снимање излегов на истата сцена, но, светлата беа исклучени, многу луѓе се движеа околу мене, и не ја почувствував на вистински начин. Но, кога ќе се крене ѕидот и кога ќе излезеш пред жири комисијата, не е сеедно, мора да признаам“.

Целото интервју со Марио може да го прочитате тука

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски

Поврзано

Back to top button