Реклама
Наши ѕвезди

Македонецот дисквалификуван заради бугарска песна во „Ѕвездите на Гранд“? Поповиќ го опомена…

Младиот пејач од Македонија го прекрши правилото

Реклама

Шармантниот пејач од Македонија, Дарко Ѓорѓески, во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Амна Јусиќ од тимот на Марија Шерифовиќ.

Тие настапија последни во емисијата, а Дарко се претстави со „Тајно моја“ од Тоше Проески и „Сен Тропе“ од Азис.

И двајцата кандидати освоија по пет гласови што не беше доволно директно да се пласираат за во следниот круг.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Но она што ги изненади сите во студиото беше коментарот на Саша Поповиќ наменет за пејачот од Македонија.

„Што си ти по националност?“ го праша креативниот директор Поповиќ нашиот натпреварувач, по што тој му одговори:

Маркетинг

„Македонец“, одговори Дарко.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Па, зошто тогаш пееш на бугарски? Ова е дисквалификација затоа што го прекрши правилото“, заклучи Поповиќ по што во разговорот се вклучија и останатите претставници на жирито.

„Работата е проста, ако не е на мајчин јазик тогаш не требаше! Само Ромите можат да пеат на сите јазици. Тука може да се прогледа низ прти, но ти оваа песна не ја пееше како што треба, изјави Драган Стојковиќ Босанац.

Ја поддржувам идејата тука да се пее на сите балкански јазици. Кај мене на Милиграм ми гостува Азис со една интересна песна, но тој инсистираше да пее на српски. Тоа го поддржувам, додаде Александар Милиќ Мили.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Ставот на Мили веднаш го подржа Вики Миљковиќ, но дискусијата околу јазиците ја прекина Поповиќ кој им кажа на кандидатите:

„Добро, повее не мора да дискутираме, и двајцата кандидати одите во бараж и нека ви е со среќа“, им порача тој на Дарко и Амна.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Инаку, в оваа емисија само неколкумина успеаја да ги исполнат критериумите и директно да се пласираат во следниот круг.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Но затоа во баражот беше густо и напнато до самиот крај, но Дарко и Амна сепак успеаја да поминат во следниот, седми круг.

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button