Реклама
MAMAКафе муабет

Мажи, оставете ги вашите жени да спијат подолго! На нив им треба повеќе сон отколку на вас, велат најновите истражувања

Реклама

Ако сте еден од оние парови кои понекогаш дебатираат околу тоа кој има потреба од повеќе сон и кој спие повеќе, престанете веднаш! Науката сега има одговор на ова прашање и ги поддржува дамите!

Имено, според истражувањето, жените се оние на кои им треба повеќе сон, а не мажите. Ова е затоа што научниците, по испитувањето на 210 средовечни жени и мажи, откриле дека недостатокот на спиење влијае врз здравјето на жените повеќе отколку на мажите.

Маркетинг

Освен тоа, откриле дека кога станува збор за жените, лошиот сон е силно поврзан со зголемени психолошки тешкотии и зголемени чувства на гнев, депресија и непријателство. Спротивно на тоа, овие чувства не биле поврзани со нарушувања на спиењето кај мажите.

„Една од главните функции на спиењето е да му се овозможи на мозокот да се одмори и да закрепне. За време на длабок сон, кортексот – дел од мозокот кој е одговорен за меморијата, јазикот и така натаму – е одвоен од сетилата и оди во режим на закрепнување“, вели професорот Џим Хорн, директор на Универзитетот Лафборо во Центарот за истражување на спиењето и автор на книгата „Патување во науката за спиење “.

Маркетинг

Значи, колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, потребно е повеќе одмор во текот на ноќта, па затоа е потребно повеќе сон. И бидејќи жените се познати по тоа дека вршат повеќе задачи во текот на целиот ден, тие користат поголема моќ на мозокот од мажите, а за возврат – им треба повеќе спиење за да функционираат подобро.

Со други зборови, на жените им треба повеќе време за да се релаксираат и да спијат поради сложениот мозок за да се опорави. Значи, господа, дозволете и на вашата жена да спие подолго. Тоа е важно за неа и за нејзиното здравје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button