Шери Аргов, автор на книгата „Зошто мажите сакаат кучки”, вели дека кога постојаното приговарање станува секојдневен начин на комуникација, членовите на посилниот пол губат интерес за партнерот.
Овој вид на „прирачник“ е како да владееш со психологијата на мажите, како да бидеш девојка со став и свое јас и како да го задржиш посакуваниот маж.
Книгата нуди одговор на сите прашања од типот зошто мажите прво се романтични а потоа постепено се ладат, зошто ги земаат добрите девојки „здраво за готово“, и кои жени најмногу ги почитуваат и ги сакаат како свои сопатнички.. И уште многу многу други прашања кои девојките ги интересираат.
Неговиот совет кон жените е брзо да се воздржат од приговори, бидејќи ќе останат без партнер.
„Повеќето жените стнуваат напорни во врската и им пречат работи како чорапите кои се оставени на подот… На мажите ова не ми се допаѓа. Им треба барем илузија на слобода, за да никој не мора да ги праша и да одговорат на глупави прашања – каде се, со кој, кога, зошто, зошто, зошто и зошто … – објаснува авторот на книгата и додава дека мажите знаат дека замараат, но жените ги надминуваат .