Реклама
Интервју

„Магичното стапче“ на Викторија – Политичарите или пејачите кој е попроблематичен во бекстејџот?

Соработував со Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Ламбе, Наум Петрески и многу други, вели таа

Реклама

Викторија Велјаноска од Кичево, е девојката што ги разубави пејачките Бојана Скендеровски и Андријана Јаневска на сцената на „Макфест“.  Природната убавина на овие две пејачки е неминовна, но оваа девојка со нејзиното магично стапче  направи тие да блеснат на сцената.

Стапивме во контакт со Викторија, таа  веднаш  ја прифати нашата покана за интервју.

Ни откри дека веќе неколку години работи во Алфа ТВ  како шминкерка и таму на сите емисии, вести , секојдневно е во контакт со познатите личности. Таа ги шминка и политичарите.

Маркетинг

Од кога почнавте да шминкате ? Раскажете ни подетално како се одлучивте за таа професија?

Љубовта кон шминката ја негувам со години, првенствено за себе и блиску луѓе, но во 2016 година таа љубов се преточи во професија кога моја драга личност ме советуваше дека треба да се занимавам професионално и така стигнав до „Кариера плус“.

Маркетинг

Шминката е мое хоби кое секојдневно го работам и сакам. Покрај шминката при крај сум  со студиите на Педагошкиот факултет . Две големи желби (исполнети) кои ги негувам со многу љубов и посвртеност.

Како се најдовте на „Макфест“?

„Макфест“ за мене е големо и убаво искуство. Оттаму имам само убави мигови и бидејќи е тазе сум уште под имресии. Таму бев со Бојана Скендеровски и Андријана Јаневска кои ги спремав за нивните настапи за таа вечер.

Дали често сте зад сцената на фестивалите?

Зад сцената на фестивалите можеби не често, но позади камерите сум многу често.

На кој начин дојдовте до соработка со Бојана и Андријана?

Неодамна на мое огромно задоволство настана соработка за проектот „Македонијо во срце те носиме“. Тука се запознавме и признавам се кликнавме, хаха и двете се прекрасни , професионални, спонтани, шармантни дами, а таму покрај нив соработував и со Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Ламбе, Наум Петрески и многу други.

За мене овој тип настани се многу интересни и забавни и создаваат простор за нови соработки.

Кои други познати личности сте ги шминкале досега?

Со оглед на тоа дека јас работам во Алфа телевизија секојдневно сум во нивно присуство водители, пејачи, политичари, глимци манекенки на пр: Ннина Јанева, Владо Јаневски, гости како политичари и сл, кои доаѓаат за дебатните емисии….

Мене секако важен ми е секој клиент кој ми се доверува без разлика дсли има јавна професија и верувајте имам прекрасни искуства.

Која позната личност ви претставува предизвик за да ја нашминкате ?

Ух… имаме сите свои предизвици, но за мене можеби Карролина Гочева.

Ќе ни откриете ли дали понекогаш настануваат инциденти, непријатни ситуации, случки зад бекстејџот?

Има , но многу ретко, постојат непријатни ситуации од типот кога клиентот има поинакви очекувања на пример доаѓаат со слика од Бијонсе (тука знам ќе се пронајдат многу мои колеги), но на крајот со разговор стручно им ја претставувам реалноста и со компромис и разбирање не може да има проблем.

Кога ги сакаш и им удоволиваш на луѓето и им ја гледаш насмрвката и задоволните лица на крајот поминува се.

На нашето прашање кој е најпроблематичен од познатите личности или политичарите, од  нашата соговорничка не успеавме да извлечеме ниту едно име.

Погледнете уште неколку познати личности кои ги нашминкала Викторија.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button